Испечатете ја страната

Во недела првиот полумаратон во Струмица, неколку главни улици затворени за сообраќај

Петок, 24 Август 2018

Оваа недела во Струмица ќе се одржи првата полумаратонска трка во градот, дел од настанот „Струмица на улица“ на кој ќе има и трки на 5 и 10 километри. Настанот ќе се одржи во рамките на овогодинашното издание на Струмица Опен Фестивал, а е во организација на Здружението Спортски клуб „Југоисток“ и Здружението на граѓани „Културно забавен живот“ од Струмица. На трките се очекува да учествуваат околу 250 атлетичари од цела држава и од странство.

„За секој учесник е предвиден медал за завршување на трката и награден фонд од 30.000 денари за победниците на полумаратонот. Ја користам приликата да ги поканам сите граѓани да излезат и да дадат поддршка на овој настан, кој ќе го стави нашиот град на светската мапа на градови организатори на вакви големи настани“ - рече Влатко Манчев од ЗСК „Југоисток“ на прес-конференција.

Пријавувањата за трките веќе се затворени. На настанот ќе се користат и неколку напредни функции така што резултатите од трките секој ќе може да ги следи во живо од својот смарт телефон, таблет или компјутер. Исто така кај сите учесници на трките на стартниот број ќе биде користен чип за мерење на времето. На патеките се предвидени и станици со вода, суво овошје и лимони за учесниците во трките.

Неколку главни улици во градот ќе бидат затворени за сообраќај

Поради потребите на настанот неколку главни улици во градот ќе бидат затворени за сообраќај, а организаторите апелираат граѓаните да ги отстранат своите возила од улиците по кои ќе течат трките поради безбедноста на сите и бараат да се почитуваат упатствата од полицијата и организаторите.

Трките треба да започнат во 19:00 часот, а ќе бидат затворени булеварот „Ленинова“ од ТЦ „Глобал“ до кружниот тек со улица „Цветан Димов“, булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Балканска“ целосно, булеварот „Гоце Делчев“ до кружниот тек со улица „Младинска“ како и и улицата „Маршал Тито“ до раскрсницата кај СОУ „Никола Карев“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...