Со влезница од 100 денари за хуманитарната забава во кафе барот „Селект“ во Струмица, вечерва (четврток, 15 јануари), од 21:30 часот, ќе и се помогне на Мартина Стојковска да и биде извршена потребната операција во Турција.
На концертот со свирка во живо, за помош на Мартина, ќе настапат пет струмички рок бендови: Motiv Band, Nexus Band, Alarm, Jupiter Band и Jazzna.
Инаку, 12-годишното девојче од Струмица, веќе 5 години се бори со деформација на р’бетниот столб – сколиоза, која на почетокот беше откриена била 28 степени, а сега прогресира во над 100 степени. Сколиозата е откриена на нејзина 7-годишна возраст, но и поради сите неуспешни обиди на лекарите во државата да се справат со тоа, родителите мора спасот да го бараат надвор од земјата, со што е потребна итна операција во странство за да може слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи. Доколку не и се изврши операцијата на време може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.
Хируршката интервенција е закажена во Турција и чини 40.000 евра, но семејството на Мартина не е во можност да го собере тој износ, затоа апелираат до сите хумани граѓани, доколку се во можност да донираат и помогнат на било кој начин за да се соберат потребните средства за операцијата на Мартина што побргу.
Фунансиски средства може да се донираат преку жиро сметката во НЛБ „Тутунска Банка“ број: 210-501683253756 и преку мобилните оператори ОНЕ на: 075/076 143-150, ВИП на: 077 143-144, Т-Мобиле на: 070 143-121.
Да и помогнеме на Мартина Стојковска!