Испечатете ја страната

Официјално заврши „Струмица ОПЕН фестивал“, потрошени над 200.000 евра

Понеделник, 27 Август 2018

Томи Печков, претседател на здружението „Културен забавен живот“, организатот на „Струмица ОПЕН фестивал“, вели дека годинава го имавме најдолгиот и најмасовниот досега фестивал. Сите активности од 4 јули, па се до вчера поминале во најдобар ред благодарение на искуството на нивниот тим, бројните волонтери и одличната соработка со општинските институции.
„Струмица ОПЕН фестивал 2018“ чинел над 220.000 евра. Општина Струмица како главен покровител одвоил 50.000 евра од буџетот на општината за оваа манифестација, уште толку и Министерството за култура, останатите од спонзорите, како што се Македонски Телеком, Пивара Скопје, Прилепска Пиварница и голем број компании од Струмица.

„Позади нас се настаните од „офф програмата“ со кои од 4 јули до 4 август го направивме најсилното и најмоќно издание на СОФ 2018. Ги одбравме најбрзите келнери и келнерки на Струмица и регионот, уживавме во поезијата на Лидија Димковска и афористичарите Ацо Ѓоргиев, Ристо Филковски. Во Струмица премиерно беше прикажан и филмот „Исцелител“, се одржа традиционалниот фестивал на лица со телесен инвалидитет и се одигра турнирот „Street basket“, по пауза од три години.
Струмичани и бројните посетители од околните градови уживаа во концертите на Камерниот оркестар на Битола, Нокаут, Каролина Гочева, Сашо Поповски Трио, Фирс, Летната школа за гитара со Васко Пиличев и Влатко Стефановски, Скопскиот брас квинтет, ѕвездите од „One Love турнејата“. Првите седум фестивалски денови на локацијата кај Чешмичката собраа рекордни 15.000 посетители.
Во последниот фестивалски викенд, од 17 до 19 август во Струмица се одржаа 20-тина големи концерти. На 17 август, петок настапија Тамара Тодевска, Тони Цетински, Владо Јаневски, Divolly & Markward и Ted Dettman b2b Sal Sonder. На 18 август, петок настапија Либеро бенд, Виктори бенд, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена и Afishal. На 19 август, недела настапија Astra-ion project, Саша Ковачевиќ, Дубиоза колектив и Црвена Јабука“ - рече на денешната прес конференција, Томи Печков.
Печков информираше дека како организатори, сеуште ги сумираат сите забелешки и коментари, според кои ќе биде изграден концептот за наредното издание. Деталите за терминот на одржување и програмата на СОФ 2019 ќе бидат соопштени до крајот на годината – додаде Печков.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...