Полицијата ги собра просветните работници и родителите за да влијаат врз учениците кои возат мотори

Четврток, 30 Август 2018

Полицијата денеска ги собра просветните работници и членови од родителските совети во училиштата, за да влијаат врз учениците за почитување на сообраќајната култура. Најголем проблем во изминатото лето беа млади деца, основци и средношколци кои управуваа мотори, без возачка дозвола, со голема брзина на движење низ градските улици, но и надвор од населените места.

Во изминатите три месеци 11 мотоциклисти учествувале во сообраќајни незгоди, во кои две лица загинаа, пет лица се здобиле со тешки телесни повреди и четворица со телесни повреди. Возраста на настраданите лица кои со мотоцикли учествувале во сообраќајни незгоди се движи од 13 до 15 години.

Најчести неправилности кои ги прават мотоциклистите се неносењето на кацига, поминување на црвено, невнимателно и опасно возење за да се направат важни, возење со големи брзини, пресекување на патот на другите учесници во сообраќајот, загрозување на пешаците.

Хризантема Рендевска, началник на Отсек за превенција при СВР Струмица вели дека во месеците јуни, јули и август се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди во кои две лица загинаа, 14 се здобиле со тешки телесни повреди, 34 со телесни повреди, а кај 56 сообраќајни незгоди е направена само материјална штета.

На денешната работната средба на тема „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“, што ја организираше Секторот за внатрешни работи во Струмица со поддршка на општина Струмица, присуствуваа претставници од советите на родители и училишните одбори, директори и стручни соработници од основните и средните општински училишта од општина Струмица, советници од Советот на општина Струмица и претставници од МВР. /Р.Ѓ./

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...