Испечатете ја страната

Понеделник неработен ден за родителите на првачињата

Петок, 31 Август 2018

560 првоодделенци во понеделник, 3-ти септември ќе седнат за прв пат во училиште клупи во деветте општински основни училишта на територијата на општина Струмица.
Новина за нив ќе биде и одлуката на Министерството за труд и социјала да имаат придружник од еден од родителите, на кој овој ден му се смета за неработен ден.
Ваквата одлука засега важи само за административците, бидејќи ослободувањето од работа во приватните фирми е предмет на договор меѓу работодавачот и работникот.
Од Министерството за труд и социјална политика објаснуваат дека согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете. Оттаму објаснуваат дека ова отсуство, како и сите други случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата.
Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, објаснуваат од Министерството, не содржи одредби со кои се предвидува слободен ден ниту за прв училиштен ден ниту за прв ден во градинка. Тоа, како што објаснуваат правниците, значи дека не е забрането да му се даде слободен ден на работникот во приватниот сектор, но може и да не добие. Во приватните фирми сè се сведува на договор помеѓу работникот и работодавецот. Тие може да се договорат за сè што не е забрането со закон.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...

Македонија денеска празнува - 127 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

Македонија денеска празнува - 127 години од основањето на Ма…

Окт 23, 2020 Вести

Денеска е 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба и 127 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун во ...

Струмичанката Јована Тренчевска е нов директор на Државниот инспекторат за труд

Струмичанката Јована Тренчевска е нов директор на Државниот …

Окт 22, 2020 Вести

Аљајдин Хавзиу е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска од Струмица, дипломир...

24 лица тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица се позитивни на ковид-19, еден пациент починал

24 лица тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмиц…

Окт 22, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешниот ковид извештај на Министерството за здравство, 24 лица тестирани во Центарот за јавно здравје во Струмица се позитивни на ковид-19. Е...

„Адиент“ Струмица – пет години ги избира најдобрите и вложува во нив

„Адиент“ Струмица – пет години ги избира најдобрите и вложув…

Окт 22, 2020 Маркетинг

Глобалниот лидер за автомобилски седишта, од светски ранг и една од 202-те фабрики низ цел свет – „Адиент аутомотив“ Струмица го проширува својот тим...

Струмичкиот суд го осуди на доживотен затвор Марјанчо Велев од Добрејци кој жртвите ги фрлил во браната Турија

Струмичкиот суд го осуди на доживотен затвор Марјанчо Велев …

Окт 22, 2020 Вести

Основниот суд во Струмица денеска го осуди Марјанчо Велев од Добрејци на доживотен затвор за убиството што го сторил над Александар Мицев од пред две ...