Јаневски: Училиштата се подготвени за новата учебна година

Петок, 31 Август 2018

Основните и средните општински училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година“, изјави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски кој со своите соработници од областа на образованието, посети дел од училиштата и детално се информираше за состојбата во сите нив.

Во текот на летниот распуст во дел од училиштата каде што имаше потреба, извршени се повеќе градежни зафати и санирање на недостатоците, со што се обезбедени солидни услови за изведување на квалитетен воспитно – образовен процес. Согласно Стратегијата за образование 2015-2020 година, ќе продолжиме со континуираната поддршка на образовниот процес, обезбедувајќи квалитетно образование за учениците во основните и средните училишта во општината. На почетокот на новата учебна година најмногу му се радуваат првачињата, тие за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Радува фактот што оваа година нивниот број е поголем во однос на минатата година. Лани до 31 август 2017 година, во прво одделение во општинските основни училишта биле запишани 499 ученици, а годинава заклучно со 24 август се запишале вкупно 560 ученици, 288 машки и 272 женски. Од нив 461 ученик се запишале во матичните основни училишта, а останатите 99 запишани се во подрачните училишта. Иако вкупниот број на запишани првачиња е зголемен во однос на минатата година, за жал, во населените места Сачево, Габрово, Дорломбос, Мемешли и Орманли нема запишано ниту еден ученик во прво одделение, а по 1 ученик има запишано во Водоча и Попчево. Во новата учебна година за прв пат во средношколските клупи ќе седнат и 890 ученици запишани во прва година во трите средни општински училишта. Ја користам оваа прилика да ги информирам родителите дека за прв пат од оваа нова учебна година во просториите на клон 2 – градинка „Парк“, ќе почне да функционира целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 години. Со децата ќе работи едуциран персонал – воспитувачи за одделенска настава, а пријавувањето е во тек. Со ова задоволуваме уште едно барање на родителите кои подолго време потенцираа дека во Струмица има потреба од формирање група за целодневен престој“ - информираше градоначалникот Коста Јаневски, посакувајќи им на сите ученици во основните и средните општински училишта многу успех во новата учебна година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...