Утре сите во струмичкиот Градски парк на фитнес со Маја, Мартин и Тони Зен

Сабота, 01 Септември 2018

Во рамките на летниот караван на активности што се спроведуваат преку граѓанската платформа „Мрдни со прст“, утре (недела, 2 септември), со почеток во 11:00 часот во големиот Градски парк во Струмица ќе се одржи заедничко дружење од спортско-забавниот настан „Размрдај се“.

Тренинзите ќе бидат под водство на Маја Талевска, поранешна професионална балерина, долгогодишен пилатес инструктор и прв лиценциран antigravity инструктор во Македонија. Водител и домаќин на настанот ќе биде Мартин 99 Трпчевски. Во пресрет на настанот ќе биде поставена и аудио опрема на која ди-џеј Тони Зен ќе пушта музика додека присутните вежбаат.

За учесниците обезбедени се простирки за вежбање, кои ќе бидат однапред поставени во парковите, на кои посетителите ќе можат да вежбаат. Ќе има и соодветни спротски реквизити за вежбање. За настанот да биде уште позабавен ќе биде прогласено прво, второ и трето место за тие што вежбале најправилно и најупорно и на истите ќе им се додели златен, сребрен и бронзен медал, кои се специјално изработени за овие настани.

Сите активности се реализираат преку платформата „Мрдни со прст“, чија мисија е да се поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секоја активност на граѓаните придонесува за поголеми резултати и промени.

Настанот е отворен за сите заинтересирани струмичани кои сакаат да се приклучат во активностите.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на македонскиот театар, струмичанецот Мите Грозданов

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на ма…

Ное 25, 2021 Вести

Денеска се навршуваат три години од смртта на големиот македонски драмски, телевизиски и филмски актер, струмичаненецот Мите Грозданов, кој почина на ...

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Ное 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 25 ноември) од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисн...