574 првачиња во Струмица тргнаа на училиште, 70-тина повеќе од лани

Понеделник, 03 Септември 2018

574 првачиња од општина Струмица денеска го започнаа своето деветгодишно образование во деветте општински основни училишта на територијата на општината. Годинава 75 првачиња повеќе за разлика од минатата година кога основното образование го започнаа 499 првачиња.

Зголемувањето на бројот на првачиња се забележува во градските училишта, додека во некои населени места, како што се Габрово, Сачево, Дорломбос, Мемешли и Орманли, нема ниту едно прваче, а во Попчево и Водоча само по едно.

Причини за ваквата состојба има повеќе, но основната е иселувањето на родителите во западно-европските земји.

По повод стартот на новата учебна 2018/2019 година, традиционално пред Домот на АРМ во Струмица се одржа свеченост за првачињата, на која градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски им посака многу успех во школувањето.

Ве очекуваат уште многу први нешта, како што се првата научена буква, првиот број, првиот напишан збор, првата песничка, првата домашна задача и се така по ред. На тој начин, чекор по чекор, ќе навлегувате во тајните на македонскиот јазик, математиката, природните науки, општеството, како и во ликовното, музичкото и физичкото и здравствено образование. Од ден во ден ќе бидете се побогати со знаења, а тие знаења ќе ви отворат многу врати во вашиот понатамошен живот“ - им порача градоначалникот Јаневски на првоодделенците од општина Струмица. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...