ФОТО: Калуѓерките од Вељуса изработија апликација за мобилен за верниците

Четврток, 15 Јануари 2015

Апликациите се наменети за уредите со оперативен систем Андроид, а ги изработија Монашките сестри од Манастирот во Вељуса

Македонската православна црква на своите верници им понуди нова услуга што можат да ја користат преку своите мобилни - две апликации за паметни телефони, „Свето писмо“ и „Православен молитвеник“ на македонски јазик.


Апликациите се наменети за уредите со оперативен систем Андроид, а ги изработија Монашките сестри од Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса. Тие се надеваат дека на овој начин верниците полесно ќе доаѓаат до корисни информации, кои се однесуваат на православниот духовен живот.


За да се користат апликациите, потребно е уредот да има најмалку верзија 4.0 на Андроид. Првата ги содржи Стариот и Новиот завет и за нејзиното користење не е потребна активна интернет-конекција.


„Православен молитвеник“, пак, содржи утрински и вечерни молитви, акатист кон Пресвета Богородица, молитви за разни потреби, Пасхално молитвено правило и друго.


Овие апликации следуваат по позитивните реакции од верниците за апликацијата што ја создадоа Монашките сестри од Вељуса во 2013 година.


Станува збор за „Православен календар“, кој се состои од месечен приказ на деновите, информација за светителите и празниците за секој ден во текот на годината, приказ на седмиците од годишниот богослужбен циклус, начинот на пост за секој ден, евангелско четиво за денот, како и поука за денот. Исто така, за секој светител е приложено и неговото кратко житие.


Апликациите можат да се пребаруваат на два начина: преку избор на конкретен датум и преку избор на празник и година. Во иднина тие ќе се дополнуваат со нови информации, а ќе се работи и на нивно приспособување за другите мобилни платформи. (С.Џ.)

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“ повредени четири лица

Во сообраќајка на магистралниот пат Струмица - Граничен прем…

Дек 04, 2020 Вести

Денеска околу 14:00 часот на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“, во близина на раскрсницата кон селото Сачево, се случила сообра...

Повторно гореше Домот на културата во Куклиш

Повторно гореше Домот на културата во Куклиш

Дек 03, 2020 Вести

Руинираниот Дом на културата во селото Куклиш, кај Струмица, кој изгоре во мај 2013-та година, денеска повторно гореше. Околу 13:00 часот се запали от...

Кривична пријава против двајца полицајци, тепале осуденик во затворот во Струмица

Кривична пријава против двајца полицајци, тепале осуденик во…

Дек 02, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против полициските службеници П.П. (31) од Василево и А.М. (25) од Струмица поради кривично дело малтретирање во...

Во Скопје уапсен е струмичанец, кај него е пронајдена марихуана

Во Скопје уапсен е струмичанец, кај него е пронајдена мариху…

Дек 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Центар, Скопје, го лишиле од слобода В.В. (36) од Струмица, затоа ш...

Владата ќе бара од Собранието кризната состојба да продолжи до летото, до 30 јуни 2021 година

Владата ќе бара од Собранието кризната состојба да продолжи …

Дек 01, 2020 Вести

На денешната редовна 25-та седница Владата го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 30 нови случаи, 65 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 30 нови случаи, 65 оздр…

Дек 01, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 3012 тестирања, регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 од кои 30 евидентирани преку Центарот за јавно здрав...

Утре прекин на електричната енергија на дел од булеварот „Гоце Делчев“, излезот од Струмица кон Дабиље

Утре прекин на електричната енергија на дел од булеварот „Го…

Дек 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ вработува двајца монтери

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ вработува двајца монтер…

Дек 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери. Подетални информации на: 075/40 78 77 или директно во ...