Испечатете ја страната

Арсовски од Струмица: Оваа Влада нема чувство за потребите на земјоделците

Петок, 07 Септември 2018

„Во пресрет сме на откупот на пиперката за ајвар. Очекуваме дека министерот Николовски конечно ќе ги напушти кабинетите и канцелариите и ќе излезе помеѓу земјоделците, барем откупот да помине со што е можно помалку проблеми од минатите откупи“ - истакна на денешната прес конференција во Струмица, Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Денес сме во Струмица, најземјоделскиот регион во Македонија да потсетиме дека оваа година е најкатострафалната година за земјоделците.
Земјоделците се соочуваат со катаклизма во секоја област во овие 15 месеци власт на СДСМ. Откуп речиси во ниту една гранка нема, а и таму кај што има е по цени пониски од реалните трошоци на производителите. Впрочем за тоа најдобро може да посведочи вредниот народ тука во Струмица. Пропадната година е за производителите на домати, бостан, зелка и краставица. Трудот на земјоделците не беше воопшто вреднуван, производите скапуваа по нивите или се фрлени по ѓубриштата.
Сликите од скапани домати, бостан зелка, но и сливи, праски низ целата држава станаа секојдневие, се поради отсуството на политики на оваа власт за земјоделието.
Сега сме во пресрет на откупот на пиперката ајварка. Очекуваме дека министерот Николовски конечно ќе ги напушти кабинетите и ќе излезе меѓу земјоделците, па барем откупот на куртовска капија да помине со што е можно помалку проблеми.
Потсетуваме дека струмичкиот регион беше зафатен пред извесно време со голема непогода, а обесштетувањето на земјоделците не е сеуште направено исто како што има проблеми и со исплатата на субвенциите. Сето тоа говори дека оваа влада нема чувство за потребите на земјоделците, нивниот труд и нивната мака. Од земјоделието тука во Струмица и во цела Македонија живеат десетици илјади семејства. Тие гледаат дека оваа година се оставени сами на себе и не можат да се потпрат на министерството за земјоделие кое поради својата неодговорност и неспособност предизвикува повеќе штети, отколку што дава решенија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде помеѓу народот, помеѓу земјоделците и да нуди излез за состојбите во кои се најде земјоделието. Тоа е гранка која е особено важна и која не трпи аматеризам од власта, бидејќи една пропадната сезона за земјоделецот се рефлектира во наредните три“ - изјави Арсовски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...