Општина Струмица ќе ги одбележува независност на Македонија и ослободувањето на градот

Петок, 07 Септември 2018

По повод 8-ми септември, Денот на независност на Република Македонија и 11-ти септември, Денот на ослободувањето на Струмица, општина Струмица организира низа свечености кои ќе се одржуват од 7-ми до 11-ти септември.

Активностите започнаа вечерва со отворањето на меѓународниот турнир во одбојка за жени на кој во наредните три дена ќе се натпреваруваат екипите на „Виктори Волеј“ и „Наковски Волеј“ од Струмица, „Партизан“ од Белград, Србија и „УМБ Тирана“, Албанија.

На Денот на независноста, сабота во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Струмица, ќе се одржи свеченост на која ќе се говори за историографијата на празникот, ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот, а мал митинг на револуционерна поезија ќе изведат членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

Во 20:00 часот свечено ќе биде отворено 26-то издание на меѓународниот Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, со изведба на претставата „Клетници“ од Виктор Иго на Прилепскиот театар.

Во понеделник во 10:00 часот во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ ќе се одржи Турнир во мал фудбал за средните училишта.

На Денот на ослободувањето на градот Струмица, 11-ти септември (вторник), во 10:00 часот, на Спомен костурницата над Струмица ќе се одржи свеченост на која ќе се говори за историографијата на празникот, ќе биде положено свежо цвеќе, со мал митинг на револуционерна поезија кои ќе ја изведат членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

Во истиот термин во ООУ „Видое Подгорец“ ќе започне Турнирот во мал фудбал за основните училишта, а во 12:00 часот во Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи промоција на Монографијата „Струмички партизански одред“.

Истиот ден, во Изложбениот салон на НУЦК „Антон Панов“, во 20:00 часот ќе биде отворена Изложба на дела од 55-та Меѓународна Струмичка ликовна колонија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...