Јаневски: Пред сите нас е исправен предизвикот кој со себе го носи претстојниот Референдум

Сабота, 08 Септември 2018

Со пригодна свеченост која што се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на струмичкиот плоштад, Општина Струмица го одбележа 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

За значењето на овој голем празник на македонската историја, говореше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, истакнувајќи дека од 8-ми септември 1991-та година започна нималку лесниот пат што Република Македонија со низа подеми и падови го чекори самостојно во овие изминати 27 години.

Да се зачуваат нишаните на една суверена и независна држава е исклучително сериозна и одговорна работа. Таквиот предизвик често пати знае да биде ставен на сериозен испит со оглед на низата влијанија кои на внатрешен и надворешен план и се случуваат на Република Македонија во овој изминат период. Ако во првите години од независноста причините за некакви недоследности и несогласувања ги баравме во плуралното неискуство и во боледувањето од некакви детски болести како држава, тогаш денес по 27 години од крунисувањето на македонската самостојност, мора сериозно да бидеме загрижени за поделбите кои се уште остануваат и се продлабочуваат, па како такви сериозно го обременуваат нашето секојдневие“ - кажа градоначалникот Јаневски, нагласувајќи дека борбата против наглесената политичка поларизација, закупувањето на суетите и интересите на одредени поединци или политички субјекти и враќањето на сеопштите вредности се од приоритетно значење за Република Македонија, особено сега кога пред сите нас е исправен исклучителниот предизвик кој со себе го носи претстојниот Референдум на 30-ти септември.

Доколку биде свртена новата страница засновена на единство, разбирање и почитување на вредностите и доколку опстоиме во намерата долгогодишниот сон да го претвориме во јаве, тогаш Република Македонија непречено ќе го продолжи својот пат кон убавата иднина. Во тоа мора да веруваме, но за тоа мора и заеднички да се избориме“ - додаде градоначалникот Јаневски.

На свеченоста беше изведена и револуционерна поезија од членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“, а претставници на Општина Струмица, државни институции, на трите средни општински училишта, здруженија, политички партии, навивачката група „Ајдуци“, пред споменикот на Гоце Делчев положија свежо цвеќе. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...