Испечатете ја страната

За првпат во Македонија изложбата „Македонија и Македонците во Првата Светска војна“

Сабота, 08 Септември 2018

Струмичани ја имат привилегијата да ја видат изложбата за „Македонија и Македонците во Првата Светска војна“, ретко видена изложба, која била прикажана само во Шведска и Австрија, а од синоќа и за прв пат во Македонија, односно во НУ Завод и Музеј во Струмица.

Изложбата содржи вистинско богатство од податоци, факти и информации презентирани преку архивски документи, историски карти, фотографии од воениот и секојдневниот живот, исечоци од тогашните весници, фотографии, оружје, воена опрема која се користела во големата војна.

Може да се забележи дека во содржинската структура на излжбата се експонирани музејски предмети од збирките на Завод и Музеј Струмица.

Некои од нив, како на пример Воената карта на Балканскиот полуостров, печатена во Лајпциг, Германија во 1914 година, за прв пат се презентира пред пошироката јавност. Некои примероци од оружје, тешкиот митралез од австриско производство, мошне ретко се дел од некоја музејска експозиција.

Последиците од Балканските војни и од Првата Светска војна предизвикале сериозни општествено-политички, духовни и културни поместувања на Балканскиот полуостров, односно во Југоисточна Европа, при што овие настани имале судбинско влијание и за идниот развој на статусоти состојбите во Македонија. Во еден воено активен период од 1912, па се до 1918 година, односно до завршувањето на Првата Светска војна (1914-1918), Македонија била поприште на жестоки воени операции и дејствија во коишто безмилосно и до темел виле разорувани цели градови и села, а се уништувало и вековното колтурно-историско и духовно наследство“ - рече во своето обраќање, историчарот Бранко Ѓоргиев од НУ Завод и Музеј во Струмица.

Изложбата „Македонија и Македонците во Првата Светска војна“ е поставена во галерискиот простор на НУ Завод и Музеј Струмица, а оние кои не беа на отворањето ќе имат можност во наредните десеттина дена да ја видат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Оваа изложба Националната установа Завод и Музеј Струмица ја организира во соработка со Воениот Музеј на Република Македонија и Државниот архив на Република Македонија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...