Годинава Денот на ослободувањето на Струмица одбележан на Спомен костурницата

Вторник, 11 Септември 2018

Струмица празнува! Ја одбележува 74-годишнината од ослободувањето на градот. Годинава за прв пат на Спомен констурницата, место кое до вчера беше запустено. Но деновиве екипи на ЈПКД „Комуналец“ темелно го исчистија, а екипи на ЈП „Паркиралишта Струмица“ го осветлија целиот простор, кој може да се посетува и во ноќни часови.

Молчи денес оваа Спомен костурница, но и со молкот кажува многу“ - рече во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој нагласи дека во име на борците кои и ја донеле и подариле слободата на Струмица, ние сме тие кои треба да зборуваме.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека не смее да се заборави Спомен костурницата, затоа што таа крие бројни приказни, кажани и недоискажани, приказни кои го откриваат богатиот историски мозаик за слободарскиот дух, вгнезден во душите на струмичките борци.

Јаневски говореше за тој ден за 11 септември 1944 година, за слободата, кое треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство.

Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв“ - додаде градоначалникот Јаневски, потсетувајќи на борците со кои се гордее Струмица, Благој Јанков Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Јоска Свештарот, Боро Џони, Боро Поцков и многу други.

Струмица треба и мора да ги почитува и слави тие имиња, ако сака да биде почитувана како град кој држи до себе и до својата историја, до своите севкупни вредности. Струмица треба и мора да го чува споменот за нив и да го пренесува од колено на колено на идните поколенија струмичани“ - рече Јаневски.

Во знак на почит кон жртвите за денешната слобода на Струмица, беше положено свежо цвеќе од страна на градоначалникот и претставници на Советот на општина Струмица, Сојузот на борците, резервните старешини, СВР Струмица, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и од СОУ „Јане Сандански“. Се одржа и мал митинг на револуционерна поезија во кој учествуваа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...