Во Центарот на Заедницата се одржа дводневна работилница за изработка на Акциски план

Четврток, 13 Септември 2018

Во Центарот на Заедницата на општина Струмица се одржа работилница, како дел од проектот „Изработка на Акциски план за локалната Стратегија за заштита на своите граѓани, за периодот 2019 – 2020 година, имплементиран од Центарот на Заедницата на општина Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица.

На дводневната работилница учествуваа претставници на граѓански организации: Општинска организација на Црвен крст во Струмица, Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Струмица, Здружение на лица со телесен инвалидитет на „Мобилност“ Струмица, Здружение лица со церебрална парализа, членови на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата при Советот на општина Струмица, претставници од општинската администрација, односно од Одделението за ЛЕР и од Одделението за буџетска координација, како и претставник од градинката „Детска радост“ Струмица.

Учесниците беа запознати со целите на работилницата, активностите и резултатите на проектот, им беше објаснета методологијата за изработка на акциски план, а им беа презентирани и наодите од извршениот мониторинг на акцискиот план 2015-2017 на стратегијата за социјална заштита на своите граѓани 2015-2020.

Целта на овој проект е да придонесе кон непосредното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики во областа на социјалната заштита.

Акцискиот план ќе развие клучни активности што треба да се спроведат за да се обезбеди успешна имплементација на Стратегијата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...