Министерката Мила Царовска се сретна со вработените во Центарот за социјални работи во Струмица

Петок, 14 Септември 2018

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царевска, денеска имаше работна средба со вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.

Таа ги информирала вработените за реформскиот закон кој ќе се спроведува од наредната 2019 година и сите обврски кои следуваат со самиот закон.

Со реформите во социјалата главна цел ни е примателите на парична социјална помош да ги вратиме на пазарот на труд. Македонија е една од ретките земји каде имаме огромен број на невработени, а при тоа има и огромен број на барања за вработувања во бизнис секторот. Тоа значи дека треба да имаме поврзување, а со интегрираниот систем на управување со случаи токму тоа сакаме да го постигнеме и сигурна сум дека со заеднички напори со нововработените, но и оние кои имаат искуство и со директори кои се посветени на работата во центрите со овој реформски пристап ќе постигнеме многу повеќе за сите граѓани кои досега живееја во сиромаштија“ - изјави министерката Царовска, по завршувањето на работната средба.

На новинарско прашање што конкретно ќе опфаќа враќањето на пазарот на труд на примателите на социјална парична помош, министерката Царовска одговори дека решавањето на тоа прашање е многу важно, бидејќи долгорочното примање социјална парична помош прави пасивизација.

Вие сметате дека не сте кадарен со ништо да придонесете во општеството. Затоа ние велиме дека е потребно да вложиме пет години во едно лице, бидејќи не е лесно враќањето на пазарот на труд. Тие што сега влегле во системот на социјална заштита можеби ќе ги извлечеме за шест месеци, но тој што има трансгенерациски пренос на сиромаштија, каде и дедото и таткото и синот или баба, мајка, ќерка примаат социјална помош, дава чувство дека вие мора нешто да земате од државата. Да ќе земате, но ве стимулираме да работите и ние ќе ви додадеме до минимумот кој е гарантиран токму во новиот закон“ - истакна Царовска.

Таа потенцираше дека државата ќе дава преквалификации, доквалификација, но и практиканство и општинско корисна работа во секоја општина заедно со општините и бизнис секторот за да можат корисниците на парична социјална помош да стекнат работни навики, да излегуваат на пазарот на труд.

Тие се плашат дека ако ги отпуштат дека нема да можат да се вратат во системот. Но, новиот закон вели дека ако ве отпуштат од работа системот пак ќе ве прифати. За да го намалиме стравот кај граѓаните дека ако еднаш го изгубат правото на користење на социјална помош нема да можат повеќе да ја користат, ги тргнуваме сите бариери за да можат граѓаните да почнат да веруваат во системот. Само тој што заработува парче леб се чувствува достоинствено и знае дека од никој не чека милост“ - истакна министерката Царовска.

На средбата во Центарот за социјални работи во Струмица се разговарало и за персоналните асистенти, кои сега се на ниво на програма во десеттина општини, меѓу кои и во општина Струмица и давале одлични резултати. Таа најави дека во новиот закон за социјална заштита тие се предвидени како законско право на секој граѓанин кој сака да користи персонален асистент во неговото секојдневно живеење над 18-годишна возраст за да може да ги извршува своите секојдневни задачи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...