ФОТО: Од попладне сите патишта водат кон манастирот во Вељуса

Четврток, 20 Септември 2018

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници.
Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големите празници на Светата православна црква.
Жителите од Струмичкиот регион уште од денеска попладне го посетуваат Манастирот „Пресвета Богородица Милостива“ во Вељуса, кој утре го слави својот патрон.
Манастирот е вреднуван како еден од најмаркантните културно - историски споменици на почвата на Македонија. Се карактеризира со раскошноста на фрескоживописот на којшто се појавуваат голем број иконографски новитети – дело на непознати и мошне талентирани сликари. Во архитектурата се забележуваат елементи на поврзаност со архитектурните традиции од времето на св. Климент и св. Наум Охридски. Црквата е значајна по својата изворно зачувана архитектура, живопис, мозаичен под и мермерен иконостас.
Манастирот во Вељуса постои од 1080 година кога тивериополскиот епископ Мануил подигнал црква која ја посветил на Богородица. Според кажувањата од манастирот оваа црква е единствената од тој период во државата која е целосно сочувана без никакви доградби. Во земјата постојат и постари цркви од неа, но сите тие во одреден период биле урнати, а потоа доградувани.
ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...