Во Струмица приведено лице кое извршило 127 кражби и обид за убиство

Петок, 21 Септември 2018

Вчера во 10:00 часот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица, по преземени мерки и активности, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела тешки кражби и тешки кражби во обид во станови во повеќе градови во државата, како и едно кривично дело убиство во обид, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода лицето И.С.(37) од Кавадарци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Притоа, бил извршен личен претрес и кај лицето биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање на блиндор врати, француски клуч за кршење на цилиндер брави, пари и други предмети. И.С. ги извршил делата во периодот од мај до септември во повеќе градови од државата. На ист начин, со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети“ - рече Ангеловски.

На подрачјето на СВР Струмица, И.С. извршил 10 кривични дела, седум тешки кражби во Струмица и три тешки кражби во Радовиш. На подрачјето на СВР Штип, извршил 12 тешки кражби - седум во Штип и пет во Кочани. И.С. извршил и четири кривични дела во Куманово.

На подрачјето на СВР Битола И.С. извршил 31 кривично дело, од кои 16 во Битола, пет тешки кражби во Ресен, десет во Прилеп. На подрачјето на СВР Велес, во Велес извршил осум кривични дела и две во Кавадарци. Во Охрид извршил 31 кривично дело, а во Кичево 10. Во Скопје, пак, извршил 19 кривични дела.

Вкупно 127 кривични дела, од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба.

Извршен е и претрес во куќата во Прилеп во која привремено престојувал И.С. и биле пронајдени голем број предмети кои потекнуваат од кривични дела. Украденото злато И.С: го продавал во златарски дуќани во Охрид и Прилеп“ - рече Ангеловски.

И.С. се сомничи и за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против И.С. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“. И.С. на 06.06.2018 година околу 11:00 часот по телефон и се јавил на неговата пријателка Р.А., која била во село Сопот и со такси возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата во Бегниште, Р.А. му кажала дека е бремена, по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот“ - рече Ангеловски.

Во текот на денот И.С. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во судот во Велес.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...