Пуштени во употреба реновираните Домови на културата во пет населени места

Петок, 21 Септември 2018

Општина Струмица ја заврши реконструкцијата на Домовите на културата во пет населени места, Костурино, Дабиле, Попчево, Просениково и Добрејци.

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска ги посети реконстриураните домови во Костурино, Попчево и Дабиле и клучевите од домовите им ги предаде на претседателите на Месните заедници, со што тие и официјално од денеска се во служба на граѓаните.

На предавањето на клучевите на Бончо Божиков, претседател на Месната заедница во Дабиле, градоначалникот Јаневски потенцираше дека Општина Струмица ќе продолжи и понатаму со реализација на проекти со цел приближување на квалитетот на животот во населените места до градската средина, посакувајќи им на жителите од овие населени места оваа установа да ја исполнат со содржини.

Градоначалникот го информираше претседателот на Месната заедница во Дабиле дека наскоро жителите ќе добијат канализационен систем.

Со задоволство сакам да ви најавам дека напорно работевме населеното место Дабиле да добие канализационен систем, кој многу брзо и ќе се оствари, се надевам дека во текот на наредните денови ќе дојдеме и свечено ќе означиме почеток на уште еден многу позначаен проект“ - рече Јаневски.

Претседателот на месната заедница на Дабиле, Бончо Божиков му се заблагодари на градоначалникот Јаневски и на Советот на општина Струмица за извршената реконструкција на домот кој има големо значење за жителите на ова населено место.

Изразувам една голема благодарност како од мое лично име така и од граѓаните на село Дабиле за добрата соработка меѓу Месната заедница и градоначалникот Јаневски и Советот на општина Струмица. Долги години нашиот културен дом се соочуваше со проблеми, но дојде денот кога како месна заедница аплициравме во програмата во буџетот за локален економски развој со што добивме реконструкција на едниот крак од културниот дом и еве сега гледате тоа е фантастично“ - рече Божиков.

Во реконструкцијата на Домот на културата во Дабиле вложени се 20.000 евра со кои е извршена санација на кровот со нова дрвена конструкција и керамиди, сменети се дрвените прозорци и поставени нови 12 алуминиумски прозорци, нова електрична инсталација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...