Заев од родната Струмица: Ова е време на историски одлуки

Недела, 23 Септември 2018

„Добровечер струмичане и струмичанки, добровечер убави човеци, добри човеци, мои човеци. И саа ак ве питам, кој за декаа... Струмица е за Европската унија и НАТО“ - вака на струмички дијалект премиерот Зоран Заев, пред голем број сограѓани го започна своето обраќање на Граѓанскиот собир во Струмица на кој ги повика да излезат и да гласаат за европска Македонија на претстојниот референдум.
„Ова време пред кое сме исправени е време на историски момент и ни треба одлучност, не ни треба калкулантство, треба да се има изграден став, затоа што во ова време се носат историски одлуки и оваа шанса не смееме да дозволиме да ја пропуштиме“ - рече Заев.
Ја повика и опозицијата да се придружи и притоа рече дека може да се бијат меѓу себе партиите по многу прашања, но заедно треба да застанат заради Македонија, заради децата, заради иднината на земјата.
„Гледам напредок во ставовите на опозицијата. Јас разбирам да оставите граѓаните слободно да гласаат. Да, демократија е. Но, не може најголемите партии да останат без став. Овие денови слушам позитивни сигнали. Денеска од Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија никогаш немало и нема план за бојкот. Ајде заедно да изградиме план за европска Македонија, за наша Македонија, за заедничка Македонија, затоа што нема план Б, нема алтернатива, ако има ајде да ја слушнеме и да разговараме за неа“ - ја повика опозицијата вечерва од родната Струмица, премиерот Заев.
Тој пред граѓаните ги цитираше зборовите на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, дека „сите споделуваме една иста судбина наречена Македонија“. Затоа, додаде Заев, 30 септември е нов датум од модерната македонска историја и затоа заслужуваме да бидеме заедно сите.
Им порача на тие што го обвинуваат дека го продал името, дека не продал ништо, туку Заев продавал љубов, пријателство, заедништво и добивал за возврат љубов, пријателство, заедништво, но притоа како што рече „Заев купува безбедност, прогрес, европска иднина“.
На крајот од своето обраќање ги повика граѓаните да излезат рано наутро на 30 септември и да гласат.
„Работа мора да завршиме за Македонија, за нашите деца, за генерациите што доаѓаат по нас. А јас, ќе излезам рано и ќе гласам за европска Македонија и ќе одам горе на тромеѓето и ќе ги видам трите дела од историска Македонија под исто европско небо, под заедничка Европа“ - порача на крајот од вечерашниот граѓански собир на Коалицијата за европска Македонија, премиерот Зоран Заев.
ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...