Полициски службеник прегазил малолетник и побегнал

Понеделник, 24 Септември 2018

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три лица. М.Р. (30), В.Р. (54), двајцата од Струмица и В.Т. (31) од Куклиш.

Имено, М.Р. вработен како полициски службеник во СВР Струмица, на 5 август годинава, управувајќи мотоцикл марка „YAMAHA FZ1“ со бугарски регистарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода во која незгода со телесни повреди се здобило малолетно лице од Струмица, а по настанатата сообраќајна незгода пријавениот го напуштил местото на насреќата. Истовремено со истото дејствие сторил и царински прекршок на тој начин што управувал моторно возило - мотоцикл со бугарски регистарски таблици сопственост на В.Т. Од Куклиш - информираше денеска Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица.

„Неговиот татко В.Р. (54), вработен како цариник во Царинска испостава Ново Село, искористувајки ја својата службена положба и овластување, со цел да избегне одземање на моторното возило мотоцикл марка „YAMAHA FZ1“ во сопственост на В.Т., со кој мотоцикл на ден 05.08.2018 година, неговиот син М.Р. сторил сообраќајната незгода, иако знаел дека В.Т. - сопственик на мотоциклот не е во Република Македонија, отпочнал постапка за царинење на возилото - мотоцикл во име и за сметка на В.Т. Исто така В.Р., имајќи интерес да се оцарини возилото за да не биде предмет на царински прекршок казнив, односно мотоциклот да не биде одземен, покрај целокупната потребна документација приложил фалсификуван документ „Поедноставено полномошно за директно застапување“ 2 образци, кој документ бил потребен да се приложи во царинската постапка согласно „Упатството за начинот на вршење на застапување во царинските постапки“. В.Р. во документот вметнал податоци од лицето на кое ќе се царини возилото, односно податоци од В.Т., како и податоците од правно лице од Струмица за директно застапување за спроведување на царинска постапка, а на графата „давател на полномошното“ бил ставен краток потпис од В.Т., кој потпис ниту можел ниту пак бил ставен од страна на В.Т., кој бил надвор од Република Македонија. Така изготвениот фалсификуван документ В.Р. го употребил во постапката за царинење на предметното возило како документот да го употребува В.Р. Покрај фалсификуваниот документ „Поедноставено полномошно за директно застапување“ В.Т. употребил и фалсификувана „Изјава за вредност на стока“ со адреса до Царинарница Гевгелија ЦИ Ново Село, кој документ бил потребен во постапката за царинење согласно член 42 став 3 од Царинскиот законик“ - изјави Рендевска.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...