Започна изградбата на канализациониот систем во селото Дабиле

Вторник, 25 Септември 2018

Во селото Дабиле започна изградбата на канализациониот систем во должина од 8.145 метри.

На стартот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Коста Јаневски, кој потенцираше дека со реализацијата на овој проект се подобрува квалитетот на животот на жителите на Дабиле.

Чувствувам големо задоволство, денеска, на објавувањето на почетокот на еден голем значаен проект за населеното место Дабиле. Пред неколку денови најавивме дека ќе отпочнеме со изведба на канализациониот систем, проект кој значително ќе го подобри квалитетот на животот во ова населено место. Тогаш ги предадовме во употреба реновираните простории на Домот на културата и најавивме дека ќе отпочнеме со канализациониот систем и еве тоа се случува денеска. Од овде можеме да најавиме уште еден проект во населеното место Просениково кој во наредните денови ќе започне со изведба, тоа е исто така канализационен систем. Со тоа ја потврдуваме нашата решеност да се подигне квалитетот на живот во населените места и да се доближи до квалитетот на животот во градската средина. Населеното место Дабиле со овој проект ќе добие еден значаен квалитет, а со новиот предвиден проект – проширување на сообраќајницата од Струмица до населеното место и со реконструкцијата на патот кон границата со Република Бугарија, овој дел од нашата општина ќе добие уште поголем урбан изглед и ќе се доближи до градската средина. Овие проекти се во состав на еден голем проект на Владата на Република Македонија „Водоснабдување и одведување на отпадните води“. Тендерот за оваа канализациона мрежа го доби фирмата Вардар градба од Скопје, а беше распишан од министерството за транспорт и врски и еве со заеднички сили на локалните самоуправи и централната власт работите се раздвижуваат во еден позитивен правец и резултатите допрва следуваат, мислам ќе бидат видливи на задоволство на сите граѓани од нашата општина“ - изјави градоначалникот Јаневски.

Изградбата на канализационите системи во населените места Дабиле и Просениково чини 44 милиони денари, средствата се обезбедени од Европската инвестициона банка, а со сопствен дел учествува и општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...