Димитров од Струмица: Куќата што почнавме да си ја градиме од независноста, не ни е доизградена

Вторник, 25 Септември 2018

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва имаше трибина во хотелот „Вила Парк“ во Струмица. Во своето обраќање пред присутните тој ја образложи генезата на спорот за името со Грција, потенцирајќи дека договорот со нашиот јужен сосед е неминовен, бидејќи нема начин да ја натерате Грција да ве сака и да потпише договор без кој таа може.

Куќата што почнавме да си ја градиме од независноста, од 8-ми септември 1991-та година не ни е доизградена. Во Обединетите Нации сме Поранешна Југословенска Република Македонија, во Европската Унија уште не постои македонскиот јазик, немаме договор потпишан, не се споменува во документите на ЕУ токму поради оваа прашање. Факт е дека ние успеавме да си направиме своја држава во нашето парче од Македонија, факт е дека таа не е целата, има Македонија и во Грција има Македонија и во Бугарија. Премногу правевме политички кариери на оваа прашање. За мене просто е навредливо како во името на одбрана на идентитетот имаше дрскост, додека мафтаме со државното знаме во десната рака, со левата рака цицаме ресурси од државата. И политичката криза и прислушкуваните разговори од 2015-та година тоа јасно го покажа. Не може да се убеди Грција да се согласи на пристоен компромис, достоинствен и за нас, со лошо. И не може гордоста да си ја бараме 2400 години пред нас. Должност ни е да сме сериозни, да сме одговорни, да го заштитиме тоа што мора да го заштитиме и да тргнеме напред, бидејќи не можеме уште 27 години да чекаме“ - рече министерот Димитров.

Тој истакне дека Македонството не се брани со фасадна политика, туку ќе се одбрани ако си ја средиме државата, ако ја подигнеме, ако бидеме побогати и поуспешни и децата да ни остануваат тука и да си извезуваме производи, а не да извезуваме младост.

Тој ги повика струмичани да излезат масовно, бидејќи на 30 септември гласот е за иднината на Македонија.

Демократијата значи гласање. И ако од 2005 година наваму велиме или велат референдум, референдум, референдум, еве го за неколку дена на 30 септември. Само тие што ќе кажат „за“ или „против“ ќе учествуваат во одлуката за иднината на Македонија“ - рече вечерва пред струмичани, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...