Промовирани книгите „Прашинки“ и „Вечен збор“ на Ристо Маџунков

Среда, 26 Септември 2018

Синоќа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица беа промовирани две поетски збирки, „Прашинки“ (2017) и реобјавената „Вечен збор“ (1992, 2018) на струмичанецот Ристо Маџунков.

Ристо Маџунков, како некој искусен алхемичар, ги наоѓа врските до атомското јадро на изразот, до неговата суштина која ослободена претставува чиста енергија што пред нас создава чудесни поетски светови. Тој израз како да „не настанал од зборови, туку од она од што тие настанале“: прасликата на сета емоција и желба за живот, првиот ритам и пулс на зборот, впрочем крвта од која поезијата се раѓа и живее... Тој израз е јазикот на секој поет кој има што да каже“ - рече рецензентот и промотор Трајче Бјадов.

Во целото поетско писмо од опусот на Ристо Маџунков, постои една морална вертикала, една етичка визура и возвишен тон, кога пее за убавото и убавините, тоа често произлегува или води кон едно морално воздигнување, кон едно сознание за местото на човекот, дека тој е секогаш повеќе од тоа што е, доколку е подготвен да учи за себе и од себе, дека единствено нему му е дадено да се (пре)создава себеси и морално да се усовршува. Тука, се разбира, и не застанува. Тој внатрешен простор, се рефлектира врз физичкиот, надворешен простор, кој станува една светска, космополитска сценографија, на чии кулиси се исцртува сета внатрешна самотија, носталгија, сомнеж, наталожен ресентиман и потреба од спокојство. Парадоксално, тука постојат „новата земја“, „бакалниците на далечните светови“, но и „стариот пазар“ и „старите сокаци“, истовремено и како имагинарни простори, но и сосем реални, кои служат како фон, подлога врз која ќе се соопшти нешто суштински важно, едно лично сознание, кое можеби ќе го „спаси светот од самотија“ - рече Бјадов.

За Маџунков и двете негови збирки говореа и Жарко Кујунџиски, главен уредник во „Антолог“, Иван Котев, проследувач на книжевноста и културен деец, Ацо Гогов, драматург и книжевен критичар, а стихови од Маџунков читаа Наташа Василевска Трајчевска, Мариета Дукиќ и Сузана Мицева.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...