Планината Беласица да биде прогласена за заштитено подрачје

Среда, 26 Септември 2018

Во организација на Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица, денеска во хотелот „Тивериопол“ се одржа Конференција на тема „Потребата од заштита на планината Беласица“, на која присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации и институции чија дејност е поврзана со заштитата на оваа планина.

Планината Беласица да се прогласи за заштитено подрачје. Ваква иницијатива покренаа екологистите од Струмица во соработка со планинарски клубови, велосипедисти и љубители на природата. Својата иницијатива тие ја базираат на фатот што Беласица веќе е заштитена во соседните земји Бугарија и Грција. Делот на бугарска територија е прогласен за природен, додека на грчка е национален парк.

Од Еколошкото друштво „Планетум“ сметаат дека со реализацијата на нивната иницијатива ќе се заштити големото природно и културно богатство со кое располага планината, но и ќе се отвори поголема можност за промоција на регионот и развој еко руралниот туризам.

Со нејзината заштита ќе се отвори поголема можност за промоција на регионот, бидејќи ние сме регион кој нема море, нема плажи, но имаме природни реткости и природни богатства, фолклор и традиција, кои можеме да ги понудиме на туристите“- вели Митко Николов од ЕД „Планетум“.

Иницијативата поддршка доби и од градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека планината Беласица е природно богатство за кое што мораме максимално да се потрудиме да дадеме се од себе да го зачуваме и да и го дадеме вистинското значење на таа планина.

Таа е значајна од повеќе аспекти, од еколошки, историски, значајна е како планина која што ја делат три држави и според моите сознанија нашите соседи имаат повеќе направена за неа во нивниот дел и мислам дека точно сега е време и ние да ја заштитиме во нашиот дел и да биде планина на пријателство, здружување, да биде симбол на заедничка грижа кон природата и нашата иднина“ - рече Јаневски.

Конференцијата е во рамките на спроведувањето на проектот „Мрежа за заштита на планината Беласица“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...