Обраќање на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски пред референдумското гласање

Четврток, 27 Септември 2018

Градоначалникот Коста Јаневски денеска ги повика граѓаните на општина Струмица да излезат во недела на 30 септември, да ја искористат најсилната демократска алатка, референдумот и да учествуваат во креирањето на иднината на Република Македонија.

Почитувани мои сограѓани,

Македонија помина низ многу крстопати и народот со своите одлуки ја избираше нејзината иднина. И сега сме исправени пред нов предизвик. На 30 септември треба да донесеме уште една, нова правилна одлука. Ќе одиме напред, или ќе се враќаме назад? Ние одлучуваме за судбината на нашата држава, ние ја кроиме нејзината иднина.

Време е да покажеме одговорност и на 30 септември да излеземе сите и да си го кажеме сопственото мислење, какво и да е, и на тој начин да го дадеме нашиот придонес во решавањето на судбината на нашата земја и на нашите деца.

Затоа, почитувани мои сограѓани, ве повикувам сите да ја искористиме најсилната демократска алатка, референдумот. Во недела да излеземе на гласачките места и преку нашиот глас да си го искажеме нашиот став. Без разлика дали гласаме ЗА или против, да покажеме дека сме сериозни и одговорни граѓани, граѓани кои имаат свој став и своја одлука по најважното прашање за нашата држава и дека ние учествуваме во креирањето на нејзината иднина. Да покажеме одговорност во најважните моменти. Ние да го направиме нашиот избор. Не дозволувајте сами да си го скратите правото да учествувате во креирањето на иднината на нашата држава, сами да дозволите, наместо активни учесници, да бидете неми набљудувачи и другите да одлучуваат место вас, за државата која е ваш и дом на вашите деца.

Цели 27 години се бориме за една посветла иднина и сонуваме за едно напредно и модерно општество во кое ќе има правна држава, постабилна економија, подобро образование и здравство, поголема доверба на луѓето во институциите. И тој сон го сонуваме со години, се бориме за него и еве сега ја имаме можноста да направиме нешто што се вклопува во европскиот терк, да ги отвориме нашите погледи и да пружиме рака на тие што имаат имаат слични погледи и да тргнеме конечно напред во една посветла иднина“ - рече во своето обраќање градоначалникот Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмичката болница, нов директор е доктор Катерина Кузмановска

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмич…

Јан 21, 2021 Вести

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македон…

Јан 20, 2021 Магазин

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...