Здружението за култура „Транзен“ од Струмица наградата посветена на мајсторот на современата македонска ликовна уметност, Владимир Георгиевски, која се состои од парична награда од 30.000 денари и симболична минијатура - златен лист, ја додели на авторката Гордана Хаџи-Николова Малашев за скулптурата реализирана во дрво „Девојката од друга планета“.
Наградата се доделува во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“, на кој оваа година се застапени дела на дваесет ликовни уметници.
„Скулптурата на Гордана Хаџи-Николова Малашев исклесана во дрво, е дело со моќна и убедлива стилизација која потсетува на експресивната искреност и магиската моќ од примитивните праскулптури. Тотемска скулптура исклесана во стебло. Налик на скулптурите кои Гоген ги работеше во својот егзил на Тахитите, каде бегајќи од лицемерната цивилизација и западниот канон, тој целосно се посвети на домородната уметност на автентичните народни творештва. Главните атрибути се позлатени со што се истакнува нивното магиско дејство“ - стои во обрзложението на тричлената жири комисијата во состав: Љупка Галазка Василев - ликовен уметник и педагог, Васил Михаил - актер и режисер и Никола Пијанманов - ликовен уметник.
Делата на учесниците на конкурсот ќе бидат претставени на изложбата која ќе се одржи во галеријата на НУ Завод и Музеј во Струмица на 5 октомври. На неа ќе учествуваат уметниците: Владимир Лукаш, Зоран Кардула, Дамјан Ѓуров, Ване Костуранов, Ниче Василев, Гергана Ѕингарова, Верица Арапова, Славица Милева, Вангел Срнаков, Тони Попов, Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Гордана Хаџи-Николова Малашев, Мирјана Крстева Масети, а вон конкуренција ќе бидат изложени делата на Атанас Мучев, Бранко Кончалиев, Момчило Петровски Момо, Стојан Пачоов и Љупка Галазка Василев.
Изложбата и откупот на делото е дел од проектот на Здружението за култура „Транзен“ - Родовата димензија во културата, финансиски поддржан од буџетот на општина Струмица.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display