Испечатете ја страната

Наградата „Владимир Георгиевски“ за Гордана Хаџи-Николова Малашев

Четврток, 27 Септември 2018

Здружението за култура Транзен од Струмица наградата посветена на мајсторот на современата македонска ликовна уметност, Владимир Георгиевски, која се состои од парична награда од 30.000 денари и симболична минијатура - златен лист, ја додели на авторката Гордана Хаџи-Николова Малашев за скулптурата реализирана во дрво „Девојката од друга планета“.

Наградата се доделува во рамките на ликовниот проект „Жената како модел во ликовната уметност“, на кој оваа година се застапени дела на дваесет ликовни уметници.

Скулптурата на Гордана Хаџи-Николова Малашев исклесана во дрво, е дело со моќна и убедлива стилизација која потсетува на експресивната искреност и магиската моќ од примитивните праскулптури. Тотемска скулптура исклесана во стебло. Налик на скулптурите кои Гоген ги работеше во својот егзил на Тахитите, каде бегајќи од лицемерната цивилизација и западниот канон, тој целосно се посвети на домородната уметност на автентичните народни творештва. Главните атрибути се позлатени со што се истакнува нивното магиско дејство“ - стои во обрзложението на тричлената жири комисијата во состав: Љупка Галазка Василев - ликовен уметник и педагог, Васил Михаил - актер и режисер и Никола Пијанманов - ликовен уметник.

Делата на учесниците на конкурсот ќе бидат претставени на изложбата која ќе се одржи во галеријата на НУ Завод и Музеј во Струмица на 5 октомври. На неа ќе учествуваат уметниците: Владимир Лукаш, Зоран Кардула, Дамјан Ѓуров, Ване Костуранов, Ниче Василев, Гергана Ѕингарова, Верица Арапова, Славица Милева, Вангел Срнаков, Тони Попов, Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Гордана Хаџи-Николова Малашев, Мирјана Крстева Масети, а вон конкуренција ќе бидат изложени делата на Атанас Мучев, Бранко Кончалиев, Момчило Петровски Момо, Стојан Пачоов и Љупка Галазка Василев.

Изложбата и откупот на делото е дел од проектот на Здружението за култура „Транзен“ - Родовата димензија во културата, финансиски поддржан од буџетот на општина Струмица.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

„ЏИО Струмица“ двата натпревари со „Омонија“ од Челинџ Купот ќе ги игра во Кипар

„ЏИО Струмица“ двата натпревари со „Омонија“ од Челинџ Купот…

Сеп 25, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ двата натпревари од 1/16 финалето на Челинџ Купот на ЦЕВ, против кипарска „Омонија“, ќе ги играат како гости. Во договор...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...