Во Просениково започна да се гради канализационен систем

Петок, 28 Септември 2018

Денеска во атарот на селото Просениково започнаа градежните активности за изведба на канализационен систем со кој ќе се подобри квалитетот на животот во ова населено место.

Станува збор за проект на Владата на Република Македонија кој што се однесува на подобрување на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во населените места.

Ова се проекти кои што мене лично, на Советот и на нашите граѓани исклучително многу ни значат, во сите наши средби кои што досега непосредно ги имавме со граѓаните, сите тие овој проблем го ставаа на приоритетните листи и со големо задоволство, еве за кратко време, можам да соопштам дека со заедничка заложба на централната и локалната власт, успеваме конечно овие проблеми да ги решаваме, да го подобриме квалитетот на животот, да ја подобриме заштитата на човековата околина и тоа е еден приоритет кој за мене значи многу. Јас и во нашите кампањи ветив дека за овој мандат ќе се обидеме и мислам дека ќе успееме сите населени места во нашата општина да го добијат тоа што е основно за подобрување на квалитетот на животот, тоа е подобрување на водоводните системи каде што има потреба и секако одведувањето на отпадните води“ - изјави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој заедно со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски присуствуваа на започнувањето на градежните активности.

Претходно и во Дабиле започнаа активности за изградба на канализационен систем, а реализацијата на овие два проекти чини 44 милиони денари, обезбедни од Европската инвестициона банка, со свој дел учествува и општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓу кои и еден од Струмица

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓ…

Авг 19, 2022 Вести

Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Авг 19, 2022 Вести

Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Авг 19, 2022 Вести

Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста со донација од 200.000 денари

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Свет…

Авг 19, 2022 Вести

Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река Водочница во близина на Автобуската станица

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река…

Авг 18, 2022 Вести

Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекција на електронски отпад

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекц…

Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански“ со фрлање капи го заокружија своето образование во ова училиште

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански…

Авг 16, 2022 Вести

Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци до Василево

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци д…

Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...