Македонија гласа, во струмичко во 7 часот отворени сите гласачки места

Недела, 30 Септември 2018

Денеска граѓаните на Република Македонија се изјаснуваат по референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, со одговор или заокружување на еден од дадените опции за гласање: „За“ или „Против“.
Во струмичките општини, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, право на глас имаат 83.544 граѓани, а според информациите од претседателите на Општинските изборни комисии, точно во 07:00 часот е започнато гласањето во сите избирачки места.
Во општина Струмица, на 83 избирачки места право на глас имаат 49.086 граѓани. Во општина Василево во избирачкиот список се запишани 10.430 граѓани, распоредени на 19 избирачки места, во општина Босилово бројот на запишани граѓани со право на глас е 12.208, а ќе имаат можност да гласат на 19 избирачки места во општината, додека во општина Ново Село, 11.267 граѓани имаат право на глас на 20 избирачки места.
Граѓаните кои сметаат дека им е нарушено избирачкото право на референдумот, тоа ќе може да го пријават до Државната изборна комисија, до набљудувачите на изборите и од институции и организации кои го надгледуваат спроведувањето на референдумот.
Државното јавно обвинителство, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет ќе бидат отворени до 19:00 часот за граѓаните кои ќе сакаат да пријават повреда на гласачкото право на референдумот.
Комисијата на Основното јавно обвинителсто следи дали некој ќе направи кривично дело против изборите и гласањето. На електронската адреса на комисијата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. граѓаните, партиите, невладините организации, домашните и меѓународните институции, може да ги пријават неправилностите со организирањето и спроведувањето на гласањето.
Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска во периодот од 07:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800 54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право. И во Струмица отворена е за граѓаните канцеларија на Народниот правобранител со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...