РЕФЕРЕНДУМ 2018: Конечни резултати во Струмичкиот регион

Понеделник, 01 Октомври 2018

Дражавната изборна комисија ги објави конечните резултати од вчерашното референдумско изјаснување на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Во општина Струмица на 83 избирачки места изглегле да гласат 17.987 граѓани или 36,59% од вкупниот број 49.086 запишани во избирачкиот список. 16.001 граѓанин одговориле со „За“, односно 88,96%, додека 1.330 со „Против“ или 7,39%.

Во општина Василево од вкупно запишаните 10.430 граѓани, на 19-те гласачки места излегле 3.117 или 29,83% граѓани. Од нив 2.783 или 89,28% одговориле со „За“, а 201 граѓанин или 6,45% одговориле со „Против“.

Во општина Босилово на 19 избирачки места гласале 3.028 граѓани со право на глас од запишаните 12.208 или 24,80%. „За“ гласале 2.733 граѓани, односно 90,26%, а против 179 граѓани односно 5,91%.

Во општина Ново Село е забележана најмала излезеност, само 16,97% или 1.913 граѓани од вкупно 11.267 запишани во единствениот избирачки список излегле да гласат на 20-те избирачки места. Од нив, 1.756 или 91,79% гласале „За“, а 96 граѓани или 5,02% гласале „Против“.

Според конечните резултати на ДИК, од 98,91% обработени гласови на излезените 661.393 граѓани, 605.016 одговориле со „За“, додека 37.312 одговориле со „Против“. Излезеноста во проценти изнесува 36,87%.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...