Еуромакс Ресоурцес: Ќе градиме модерен и безбеден рудник што ќе обезбеди нови вработувања

Петок, 05 Октомври 2018

Иловица-Штука“ е и ќе биде модерен рудник на можности кој ќе биде од голема важност за општините Босилово и Ново Село, но и за жителите на Струмица, вели Патрик Форвард, главниот оперативен директор на Еуромакс Ресоурцес на средбата со медиумите каде беше презентиран моделот за идниот рудник Иловица-Штука, нагласувајќи ги сите мерки кои ги имаат превземено во дизајнот на проектот за да ја заштитат животната средина.

Во изминатите шест години, при проектирањето на проектот Иловица-Штука земено е предвид секое влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните, како и на жителите во регионот. Проектот е изработен од домашни и меѓународни експерти и професори и е во согласност со сите македонски закони, најдобрите практики и со светските и ЕУ стандарди“ - изјави главниот оперативен директор Форвард, потенцирајќи дека мерките за минимизирање на негативните влијанија врз здравјето и животната средина ќе бидат без било какви испуштања во локалните води, контрола на прашина на сите патишта за да се осигура дека не постои загадување, постојана контрола на водата и воздухот, употреба на соодветна гео-текстилна мембрана во хидројаловиштето, максимално реискористување на вода во процесот на флотација, проектиран насип на хидројаловиште отпорен на земјотреси, подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Иловица и Штука, програми за инвестирање во заедницата, рехабилитација на локацијата по затворање на рудникот и формирање на тело за независен мониторинг за да ги исполниме овие ветувања.

На средбата присуствуваа и претставници на Аусенко, австралиска компанија што треба да биде главен изведувач во понатамошните фази на Проектот за рудникот Иловица-Штука. Според главниот извршен директор и еден од основачите на компанија Ausenko, Луклезим (Зими) Мека, технологијата која ќе се користи во рудникот Иловица-Штука е идентична со онаа што во последниве три години ја користат во проекти во над 60 држави во светот. Станува збор за технологии кои немаат негативни последици врз здравјето на луѓето.

Она што го правиме се најдобрите практики и најдобрите технологии во процесите за обработка на рудата. Во државите каде работиме соработуваме со локалните жители и тие се максимално вклучени како работна сила. Правиме и обуки за вработените, согласно највисоски стандарди за безбедност во работата“ - вели Лулезим (Зими) Мека.

Од „Еуромакс ресоурцес“ потенцираат дека цевковод за чиста вода, кој е предвиден да се изгради, пред се ќе биде од корист за локалното водостопанство и локалното земјоделство, а ќе се намалат и загубите на вода. Компанијата ќе се фокусира на поддршка на сточарството и земјоделството со цел зајакнување и подобрување на нивниот капацитет.

Ние сакаме да докажеме дека „Иловица-Штука“ ќе биде модерен рудник на можности, како за жителите на општините Босилово и Ново Село, така и за жителите на Струмица. Ќе обезбедиме нови работни места и можност за развој на нови бизниси во регионот. Инвестицијата за рудникот од 340 милиони евра е најголемата гринфилд инвестиција во Македонија од нејзиното осамостојување, која ќе го зголеми БДП за 3% на годишно ниво. Ќе платиме 25 милиони евра даноци годишно, вклучувајќи концесиски надоместоци од 3 милиони евра, кои директно, ќе се влеат во буџетот на локалните општини што ќе го зголеми нивниот буџет за 40%. Дополнително во наредните 20 години од работењето на рудникот, ќе се трошат 73 милиони евра годишно за локални набавки и услуги“ - вели Форвард.

Откако ќе почне со производство, проектот Иловица-Штука ќе поддржи широк спектар на директни вработувања и компанијата ќе обезбеди сеопфатна обука за сите позиции. Ќе се создадат 1.000 директни работни места за време на изградбата и 500 директни работни места во текот на работењето со предност на вработување на локални луѓе. 2.700 индиректни работни места ќе се обезбедат преку локалните добавувачи кои ќе бидат ангажирани.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...