Околу 500 готвачи од целиот свет од понеделник во Струмица

Петок, 05 Октомври 2018

Од идниот понеделник, па сè до петок, врвните светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија. Поводот е Третиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од 8 до 12 октормври во Струмица, а домаќин повторно ќе биде Хотелот Вила Парк“.

Овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи, е во организација на ГастроМак – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, а под покровителство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), со седиште во Париз, Франција. Општината Струмица и Хотелот „Вила Парк“ се традиционални организациски и логистички поддржувачи на едно од најголемите годишни гастрономски случувања во регионот и пошироко

Настанот е целосно од отворен карактер. Сите се поканети и добредојдени да вкусат залче од светките вкусови. Со несебичната поддршка од WACS, годинешното натпреварување е со предзнак – Континентално, што дефинитивно значи етаблирање на ГастроМак и градот домаќин – Струмица, за ѕвезди на светската гастрономска мапа. Најавуваме петдневен настан за паметење” - вели Адријана Алачки, претседател на ГастроМак асоцијацијата.

На ГастроМак Македонија 2018, најавено е присуство на околу петстотини судии, мастерклас предавачи, натпреварувачи, специјални гости, од над триесеттина земји од целиот свет. Овие пет денови, Македонија и Струмица повторно ќе бидат во центарот на глобалните гастрономските случувања, со гости од три континенти.

Натпреварувачките денови се 9, 10 и 11 октомври (вторник, среда и четврток), ќе се одвиваат во посебно подготвениот простор во Централната сала на Хотелот „Вила Парк“, на првиот кат.

Со оглед на тоа што настанот е целосно од отворен карактер, сите заинтересирни ќе можат одблиску да ги видат на дело светските гастрономски експерти, но и да пробаат од подготвените јадења.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...