Во Струмица стартува првиот Бизнис Иновациски Центар во Македонија

Сабота, 06 Октомври 2018

Синоќа во хотелот „Сириус“, пред струмичките бизнисмени беше промовиран Бизнис Иновациски Центар Струмица - BIC SR, прв од таков вид во Република Македонија со седиште во Струмица и своја канцеларија во Брисел.

Станува збор за Регионален Бизнис иновациски центар, кој е дел од Европската мрежа на Бизнис иновациски центри EBN и Европскиот Акцелерат преку Europe Start Up Award програмата.

Целта и улогата на Центарот ќе биде поттикнување на иновациите и истите да се претворат во производ, да се отворат пазарите надвор од Македонија и да се подобри конкуретноста.

Според директорката на Центарот, Ксенија Вангелова, одлуката за формирање на Бизнис иновацискиот центар е донесена пред четири години и во овој период се изработени повеќе истражувања и се детектирани многу проблеми.

Поддржани сме со техничка поддршка од реномирани експерти, кои треба да ја воведат европската методологија, обука и сертификација на кадри преку кои ќе ги имплемнтираме програмите зацртани врз основа на стратешките петгодишни планови и ќе ги развиваме заедно со малите и средни претпријатија, академскиот и јавниот сектор“ - вели директорката Вангелова.

Присутните на промоцијата ги поздрави градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, кој во своето обраќање потенцираше дека овој центар има големо значење за економскиот развој на општина Струмица.

Поттикнувањето на претпприемништвото и иновациите, поддршката за создавање нови иновативни и високотехнолошки компании, создавањето услови за отворање на нови работни места, креирањето развојни стратегии на компаниите, се само дел од многуте цели на постоењето на овој Бизнис Иновациски Центар во Струмица, кои исто така се во функција на значителен растеж на економијата во нашата општина“ - рече во своето поздравно обраќање градоначалникот Јаневски.

На промоцијата присуствуваа и свое обраќање имаа претставници на образовни институции од регионот, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, како и Луиџи Дел'аквила, раководител на Одделот за европски фондови при Европската академија на регионите со канцеларии во Рим и Брисел и Хуан Мануел Ревалуета, директор на ФИННОВА ЕУ фондацијата.

На свеченоста по повод стартот на Бизнис иновацискиот центар, кој беше означен со ѕвоно, беа доделени и Сертификати на првите ученици во Академијата за EU Funding менаџери на BIC SR со референца на Европската Академија за регионален развој.

Во рамките на активностите на Бизнис иновацискиот центар денеска ќе биде презентиран проектот „Agritech на Europe startup award“ за поттикнување новитети во земјоделството.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...