ИНТЕРВЈУ со Адријана Алачки: Светските гастрономи го обожаваат нашиот пинџур, макало, гравчето

Недела, 07 Октомври 2018

Од понеделник до петок во хотелот „Вила Парк“ во Струмица ќе се одржи третиот Интернационален Гастрономски натпревар – „Гастромак Македонија”, на кој ќе учествуваат околу 500 готвачи од 30-тина земји.

Ден пред стартот на овој голем настан во Македонија разговараме со првиот човек на „ГастроМак“, Адријана Алачки, која говори за Асоцијацијата „ГастроМак“, за нејзината цел, за успесите на меѓународните натпревари, за македонската кујна, за натпреварот во Струмица.

Адријана Алачки: ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија. Асоцијацијата е oснована во мај 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмот и во менаџментот во угостителството, како и студенти и средношколци. Но, и аматери ентузијасти од сите сфери кои што имаат допирна точка со кулинарството. Како единствена и ексклузивна национална асоцијација што формално ја претставува Република Македонија во интернационални рамки, ГастроМак е дел од огромното семејство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од над 150 држави во светот. Ние сме горди што сме дел од WACS, следејќи ги светските гастрономски достигнувања презентирајќи ја македонската гастрономска традиција и умешност и активно учествувајќи во креирањето на уште едно Залче од светските вкусови. ГастроМак е членка на Советот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија и од самите почетоци посветено учествува во активностите на Агенцијата во презентацијатата на македонската традиционална и модерна кујна на многу манифестации, од нaтпреварувачки и до ревијален карактер, организирани во нашата држава и во меѓународни рамки.

СтрумицаНет: Како би опишале некому што е ГастроМак, која е идејата која ве обединува, кои се целите?

Адријана Алачки: Идејата водилка да ја направиме оваа Асоцијација беше да ги собереме на едно место домашните готвачи професионалци, но и студенти и ученици – потенцијални готвачи, да направиме институционална база на шефови на кујни која што ќе се грижи за вредностите на еснафот, која што ќе ја поттикнува нивната едукација и компетитивност и која што ќе се грижи да не падне во заборав богатата гастрономска традиционална култура на ова наше македонско поднебје. Нашите цели се да го промовираме едукативниот процес во еснафот, при што достигнувањата во светското кулинарство ги воведуваме во чекор со современата македонска гастрономија, како и да го поттикнеме истражувачкиот дух во гастрономскиот свет. Притоа, посветено работиме и на светот да му ја доближиме македонската традиционална кујна, со сите нејзини специфики и регионални обележја, како и да ја презентираме фузијата на изворната и модерната национална кујна.

СтрумицаНет: Како се станува дел од ГастроМак, кои се критериумите, постојат ли некои посебни готвачки текстови?

Адријана Алачки: За да се стане член на ГастроМак, најнапред, неопходна е препорака од некоиј или некои од нашите членови. Секако, апликантот за член ќе мора да се обврзе дека целосно ќе ги почитува правилата на нашата Асоцијација, кои всушност се комплетно усогласени со правилата на Светската организација на шефови на кујни - WACS. Инаку, нема некоја старосна граница. Најважно од се е да се поседува добро CV и, се разбира, многу љубов за професијата и желба за напредување во кариерата. Морам да напоменам дека во моментов имаме отворен конкурс за прием на нови членови, па ете и оттука ги повикувам заинтересираните да се информираат за деталите на нашата веб страница www.gastromak.mk.

СтрумицаНет: Каде и да се појавите нижете успеси на меѓународните натпревари. На последниот освоивте 15 медали, на Петтиот интернационален гастрономски натпревар во Србија. На што мислите дека се должи ваквиот успех, што ги прави нашите готвачи препознаени и признаени?

Адријана Алачки: На многу работа, усвовршување, присуство на меѓународни натпревари, успешно презентирање на нашите знаења и упорност на нашите членови – шефови! Инаку, за овие наши заложби, многу му должиме на WACS, Светската Асоцијација организација на шефови на кујни, чија што членка сме од самиот почеток. WACS во ГастроМак препозна свој релевантен партнер и репрезент на една возбудлива кујна, која што е нераскинлив дел од светското гастрономско наследство. Уште од самото основање, ја сфативме потребата на домашните кулинарски експерти од вреднување на сопствените готвачки вештини и на интернационален план. И тука имаме што да кажеме: во кусото постоење, нашите тимови на шефови на кујни посетија многу гастрономски натпревари во регионот, во Европа, но и ширум светот и, речиси, без исклучок, од секаде се враќавме со вредни признанија и награди. Сите овие искуства, како и знаењата стекнати од учестватата на разни семинари, предавања и работилници водени од врвни светски шефови на кујни, со задоволство ги пренесуваме на средношколци и студенти, на младите и нови генерации на македонски готвачи, идните гастрономски шефови. Едукацијата низ работа и пренесувањата на светските гастрономски трендови кај нас е една од основните задачи на ГастроМак. Досегашното можеби кусо, но секако многу активно работење, на нас во ГастроМак, ни дава за право да бидеме горди што достојно ја претставуваме Република Македонија на гастрономската мапа на светот.

СтрумицаНет: Дали на овие натпревари се претставувате со локална кујна или интернационална, некоја нивна комбинација можеби?

Адријана Алачки: Во зависност од натпреварот, нивото и карактерот, различно се подготвуваме. Најнапред, меѓу нас се договараме со што да се пратставиме, како тоа да го изведеме, се прават подготовки, или со спортски речник, се тренира. Има повеќе категории, согласно правилата на WACS, како што се Ладни јадења, Топли јадења, Карвинг, Пица, Десерти и слично. Нам во ГастроМак најомилена ни е презентацијата на националната кујна, во современо руво, своевидна фузија на традиционалното со модерното!

СтрумицаНет: Кои вкусови и јадења од македонската кујна, според вас, се вистински уникатни? На што најпозитивно реагираат дегустаторите од странство?

Адријана Алачки: Најдобрите вкусови на една земја потекнуваат и доаѓаат од нејзината почва, од производите што таа ги дава. Оттука, оригиналните и автентични локални јадења секогаш се највпечатливи. Не може во Македонија да барате школки и кавијар. Се знае што можете да добиете кај нас и сите тоа и го сакаат. Највлијателните интернационални гастрономски судии тоа го знаат и го почитуваат. Ја почитуваат едноставноста на нашата национална кујна, богатите вкусови, свежината на производите... Сите тие добро знаат што можат да добијат во Македонија и тоа и го бараат да го јадат со сласт. Го обожаваат нашиот пинџур, макало, гравче...

СтрумицаНет: Која е вашата оценка за професионалното кулинарство во Македонија? На што сметате дека треба да поработат локалните ресторани и готвачи, кои се главните недостатоци во оваа област?

Адријана Алачки: Треба многу повеќе едукација, доусовршување, доспецијализација. Секогаш треба да се во тек со трендовите во светското кулинарство, но и секогаш да ја респектираш кујната од каде што доаѓаш. На нашите членови најмногу им помага членството на ГастроМак во WACS, затоа што постојано има работилници, семинари, школи и во најоддалечените ќошиња на светот. Така се шират хоризонтите на еден готвач – шеф на кујна, се стекнува самодовербата. Другиот аспект се натпреварувањата. Едно да седиш во твојата кујна и да мислиш дека си најдобар, а сосема друго е да се натпреваруваш рамо до рамо со интернационални шефови, па да те оценуваат најголемите авторитети во кулинарството. Тоа е немерливо искуство.

СтрумицаНет: Од понеделник, 8-ми октомври во Струмица започнува третиот Интернационален натпревар, кој ќе трае пет дена, подготвени ли сте?

Адријана Алачки: Веќе сме во трескавични подготовки за третиот Меѓународен Гастрономски натпревар – „ГастроМак 2018“, кој што и годинава ќе се одржи во Струмица. Терминот на одржување е од 8 до 12 октормври, а домаќин повторно ќе биде струмичкиот хотел Вила Парк“. Повторно оваа готвачка смотра ќе биде исклучително високорангиран интернационален натпревар на готвачи од светот, кој што по трет пат се случува во нашата земја. На големиот кулинарски настан ќе присуствуваат приблично 500 учесници – натпреварувачи, судии и почесни гости и гастрономски амбасадори од многу земји и, практично, повторно ќе го донесеме светскиот гастрономски крем-де-ла-крем” кај нас. Натпреварот, под мотото Залче од светските вкусови”, е логистички и организациски поддржан од WACS. Сигурни сме дека и оваа година ќе направиме настан за долго паметење. Ќе ја имаме честа пак да ги угостиме великаните во светската гастрономијата, познати шефови во глобални рамки, натпреварувачи од неколку континенти. Ги поканувам сите кои што сакаат да го видат интернационалниот кулинарски врв во живо и на дело, да дојдат во хотелот Вила Парк во Струмица и да уживаат во големата гастрономска манифестација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...