Со дефиле низ струмичкото корзо стартува Интернационалниот Гастрономски натпревар

Понеделник, 08 Октомври 2018

Со дефиле на стотици готвачи од целиот свет, кое стартува денеска во 17:30 пред општинската зграда на Струмица, низ струмичкото корзо, па се до хотелот „Вила Парк“, започнува трето издание на Интернационалниот Гастрономски Натпревар – „ГастроМак Македонија 2018“.

Ги поканувам сите заинтересирани да дојдат, во живо да ги видат големите гастрономски мајстори и да вкусат од нивните јадења! Поттикнати и охрабрени од извонредните реакции од светските гастро-авоторитети за организацијата од минатата година, задоволство ми е да најавам дека и оваа година настанот го носиме на рамниште погоре. Со несебичната поддршка од WACS, натпреварувањето е со предзнак – Континентално, што дефинитивно значи етаблирање на ГастроМак, на Македонија и на градот домаќин – Струмица, за ѕвезди на светската гастрономска мапа. Сите ние најавуваме петдневен настан за паметење” - изјави Адријана Алачки, претседател на ГастроМак.

За градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски овој настан е голем предизвик и одговорност да се биде повторно домаќин на неколку стотини гости од триесеттина земји од целиот свет.

Можноста да се спојат светските вкусови со вкусот на нашето поднебје и различните култури со културата на нашето живеење, како и запознавањето на гостите со убавините на Струмица и Македонија, е за секакво поздравување, па поради сево ова, Општина Струмица и годинава е финансиски и морален поддржувач на овој интернационален гастрономски натпревар. Ги повикувам сите сограѓани, од денеска до 11-ти октомври да уживаат во содржините на оваа манифестација и во специјалитетите на големите светски кулинари” - рече Јаневски на денешната прес конференција по повод стартот на манифестацијата.

Освен тридневната натпреварувачка програма во 33 категории, во категориски турнуси на 10 готвачки боксови, настанот има и богата дополнителна програма. Тука спаѓаат Интернационалниот Семинар за лиценцирани WACS судии, потоа исклучително богата листа на Мастеркласови и презентации од четириесетина врвни кулинарски ѕвезди, како и туристички тури за подобро запознавање на странските гости со убавините на Струмица и Македонија и воведување во спецификите на македонската традиционална кујна.

Ако минатата година и не бевме баш свесни во што влегуваме и што значи едно вакво континентално гастрономско натпреварување, сега точно знаеме што нè очекува и што се бара од нас. Да имате неколкудневни гости од калибарот на Изток Легат, Стево Карапанџа, потоа шефот со мишелин ѕвезди – Џорџо Дијана и други имиња од светската гастро-сцена, рамо до рамо со нашите готвачи и персонал, е многу голема работа. Ние сме подготвени повторно да бидеме добри домаќини и повторно да ги испратиме сите со прекрасни впечатоци од тука” - вели Иван Спасов, менаџер во хотелот „Вила Парк“.

Со оглед на тоа што настанот е целосно од отворен карактер и сите заинтересирни ќе можат одблиску да ги видат на дело светските гастрономски експерти, но и да пробаат од подготвените јадења, од ГастроМак со поканата, „сите сте поканети и добредојдени да вкусите залче од светките вкусови.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...