Тимот од СОУ „Јане Сандански“ составен од учениците Миа Јанева, Викторија Даниловска, Верица Ахтарова, Ивана Трајковска и Лина Стојанова, под менторство на професорките Македонка Манушева и Стаменка Џорлева, беа дел од петте најдобри тимови на работилницата во Маврово за социјално претприемништво во организација на CEED Hub Skopje, а поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ Македонија. Тие освоија 2000 евра за проектот „Енергични бомбици“ за отворање на ресторан во училиштето во кој ќе се служи здрава храна.
„Целта беше решавање на одреден социјален проблем. Конкретно во нашиот случај тоа е недостиг на здрава храна, односно непостоење место за подготовка и продажба на здрава храна во Струмица. Но, бидејќи тоа е глобален проблем ние не можеме да го решиме на глобално ниво и затоа се фокусиравме на нашето училиште каде таргет група ќе бидат нашите соученици“ - велат ученичките кои победија со својот проект на работилницата.
Тие се со идеја намирниците потребни за подготовка на органската храна да се добиваат од семејствата од руралните средини кои се занимават со производство на органски производи. Како добавувачи на ресторанот се планираат Терапевската заедница „Покров“ и СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.
Директорката Невенка Стојанова рече дека училиштето ќе направи сè за финансиски и логистички да се помогне во реализација на проектот.
„Морам да кажам дека има многу скептици во моментов коишто поставуваат прашања од типот „дали сте спремни да се нафатите на вакво нешто“, „дали имате средства да се нафатите на такво нешто“, „дали ги задоволувате ХАСАП стандардите“, меѓутоа јас ќе кажам дека колку и да е тешко, не велам дека не е, ние ќе направиме сè како училиште да ги помогнеме децата и нивните ментори и финансиски и логистички за оваа идеја не само да се реализира, туку и да биде пример за сите останати училишта во државата. Ќе аплицираме доколку е потребно и на други проекти со истата идеја за уште финансии и сето тоа да биде на едно високо ниво“ - најави директорката Стојанова.
Идејата е, освен на самото место во ресторанот, учениците ќе може и преку веб страна да си порачат смути, органски палачинки, свежи сокови и друга органска храна која ќе биде на менито на училишниот ресторан. Во ресторанот е планирано да има двајца вработени, а дополнително ќе се отвори и можноста за ангажирање на ученици во нивните слободни часови, како волонтери.
Повеќе од сто тимови аплицираа со проекти на оваа работилница за социјално претприемништво која викендот се одржа во Маврово, а СОУ „Јане Сандански“ од Струмица освен со проектот за отворање ресторан за здрава храна, учествуваше и со проект за отворање училишна Спортска сала за ученици со посебни потреби, кој се пласира во десетте најдобри проекти. /Р.Ѓ./
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display