Во Струмица Фестивал и Симпозиум на Источно црковното пеење

Недела, 14 Октомври 2018

Во Струмица веќе осма година се одржува Фестивал на Источно црковно пеење, годинава збогатен со научен Симпозиум, токму на темата Источно црковното пеење во Македонија.

Во петокот во Црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица се одржа фестивалот на кој настапија Градскиот женски хор „Менада“ од Тетово под диригентската палка на Ивица Зориќ и камерниот хор „Херувими“, под диригентство на Мирјана Павловска Шулајовска, како и домаќините, машкиот хор при Црквата „Свети Петнаесет“.

Преку овој фестивал, организаторот НУЦК „Антон Панов“ и Струмичката Епархија, сакаат да се афирмира старото македонско црковно пеење, кое во православната традиција се интерпретира само вокално, без инструменти, за разлика од другите светски религии.

Источното црковно пеење полека ама сигурно се враќа во македонските храмови, а верниците интуитивно го препознаваат. Ова е само еден од заклучоците од научниот симпозиум, кој се одржа вчера.

Според професорот д-р Јане Коџабашија, кој во рамки на Симпозиумот го промовираше и неговиот труд на истата тема, враќањето на овој вид пеење е многу важно бидејќи се работи за наше културно минато.

Верниците немаат никакви проблеми со вклучувањето во тоа црковно пеење. Го прифаќаат како исконски свое. Тоа е многу интересно и тоа ни дава за право дека сме на вистинскиот пат и дека тоа пеење, порано или подоцна ќе се врати сосема легитимно во нашето црковно литургиско секојдневие“ - вели Коџабашија.

Раководителот на овој Фестивал, Кире Козаров вели дека овој фестивал почнува да дава резултати, публиката се зголемува, љубителите на оваа црковно пеење се зголемуваат, хоровите стануваат се подобри и подобри.

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници кои се борат со пандемијата

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници ко…

Сеп 28, 2020 Вести

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци ...