Испечатете ја страната

„Пресек“ на четворицата струмички сликари пред гевгеличани

Понеделник, 15 Октомври 2018

Во организација на Пионерскиот Дом од Гевгелија во четврток, на 18-ти октомври, со почеток во 20:00 часот во просториите на Народниот Театар во Гевгелија ќе биде отворена изложба на ликовната група „Пресек“, составена од четворица сликари од Струмица.

Индивидуалноста во визуелната манифестација на овој проект смело сведочи за автори формирани во духот на актуелното време. Станува збор за Љупка Галазка Василев, Марјан Ѕингаров, Никола Пијанманов и Ване Костуранов.

Ване Костуранов создава свет, искрен и обоен. Навидум детски, но длабоко интуитивен ликовен израз кој плени со неговото волшебство.

Делата на Марјан Ѕингаров поседуваат емоционална динамика. Чистата егзистенција на бојата е нагласена со појава на симболи. Визуелниот импакт зборува за материјализација на материјата како ултра крик на едно постоење.

Во делата на Никола Пијанманов времето немо вибрира пред замрзнатите мигови. Неговото сликарство претставува ангажиран контемплативен мисловен процес кој води кон свесно себеоткривање како рефлекс на настаните од реалноста. Интерната магма и силните меланхолични колористички изјави за отсутната присутност зборуваат за вечните прашања во човековото „јас“.

Љупка Галазка Василев во своите дела созадава апартен свет. Свет кој немо трепери и сјае, раскажувајќи приказна за нежни пастелни претопувања во една поинаква стварност.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...

Македонија денеска празнува - 127 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

Македонија денеска празнува - 127 години од основањето на Ма…

Окт 23, 2020 Вести

Денеска е 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба и 127 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун во ...

Струмичанката Јована Тренчевска е нов директор на Државниот инспекторат за труд

Струмичанката Јована Тренчевска е нов директор на Државниот …

Окт 22, 2020 Вести

Аљајдин Хавзиу е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска од Струмица, дипломир...

24 лица тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица се позитивни на ковид-19, еден пациент починал

24 лица тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмиц…

Окт 22, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешниот ковид извештај на Министерството за здравство, 24 лица тестирани во Центарот за јавно здравје во Струмица се позитивни на ковид-19. Е...

„Адиент“ Струмица – пет години ги избира најдобрите и вложува во нив

„Адиент“ Струмица – пет години ги избира најдобрите и вложув…

Окт 22, 2020 Маркетинг

Глобалниот лидер за автомобилски седишта, од светски ранг и една од 202-те фабрики низ цел свет – „Адиент аутомотив“ Струмица го проширува својот тим...

Струмичкиот суд го осуди на доживотен затвор Марјанчо Велев од Добрејци кој жртвите ги фрлил во браната Турија

Струмичкиот суд го осуди на доживотен затвор Марјанчо Велев …

Окт 22, 2020 Вести

Основниот суд во Струмица денеска го осуди Марјанчо Велев од Добрејци на доживотен затвор за убиството што го сторил над Александар Мицев од пред две ...