ЕКСКЛУЗИВНО: Тарик Филиповиќ со Ќиро доаѓа во Струмица

Понеделник, 15 Октомври 2018

Македонската публика го засака пред 15 години кога со квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби и прекарот „хрватскиот милионер“. Тарик Филиповиќ, еден од најпопуларните актери во регионот, доаѓа во Струмица со монодрамата „Ќиро“, посветена на хрватската фудбалска легенда Ќиро Блажевиќ.

Spektakluk“ и „Magic Act Show“ во кои учествуваше како автор и изведувач може да се наречат најуспешни шоуа во историјата на хрватскиот театар. Со повеќе од 300 одиграни претстави кои се гледаа во целиот регион, Тарик со новиот оригинален проект - монодрама за животот, наречена „Ќиро“, ќе се претстави пред струмичани на 26-ти октомври во НУЦК „Антон Панов“.

Фудбалот како ниеден друг спорт предизвикува бура на реакции, за него се дебатира и истиот се сака на ниво на божество. Стадиони, навивања, репрезентации, светски првенства се важни датуми кои фер е да се каже дека ако се праша народот ќе бидат забележани како државни празници.

Еуфоријата околу овој спорт го достигнува врвот, па затоа темата на оваа монодрама се наметна сама по себе. Но, покрај фудбалот во поширока смисла, во срцето на оваа монодрама се обрнува внимание на нешто многу поинтересно. Личноста и карактерот на една фудбалска икона која за своето име, има поврзано повеќе анегдоти и асоциации, него било која друга урбана легенда.

Што значеше Ќиро Блажевиќ за Тарик, во неговото созревање како човек и како страствен фудбалски навивач?

Приказната за сеопфатниот и неповторлив фудбалски тренер, тренер на сите тренери, како што го нарекуваа на Светското првенство во Франција во 1998-та година, чии реченици се цитирани до ден денес и неговата славна реченица „сине мој“, која даде непосредност и ексцентричност во претствата, ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.

Токму оваа безвремена приказна преточена во монодрамата „Ќиро“ за прв пат го носи Тарик Филиповиќ во македонските театри, од 22-ри до 27-ми октомври.

Предвидени се четири изведби, една во Македонскиот Народен Театар (голема сала) на 24-ти октомври, со можност за уште една изведба наредниот ден. Останатите гостувања се во Битола на 22-ри октомври, 26-ти октомври во Струмица и 27-ми октомври во Штип.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници кои се борат со пандемијата

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници ко…

Сеп 28, 2020 Вести

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци ...