Протест во Струмица: „Не за математика на државна матура“

Четврток, 12 Февруари 2015

Средношколци од Струмица за понеделник во 13:30 часот на плоштадот „Гоце Делчев“, закажаа мирен протест

Средношколци од Струмица за понеделник во 13:30 часот на плоштадот „Гоце Делчев“, закажаа мирен протест, против полагање математика на државна матура.


Според најавата, средношколци од СОУ „Јане Сандански“ во 13:30 часот ќе се соберат на плоштадот во Струмица, а од таму со мирен марш ќе се упатат по булеварот „Маршал Тито“ кон главната пошта, каде ќе им се придружат средношколци од СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“, кои ќе доаѓаат од кај своето училиште.


„Имајќи ги во предвид реформите кои се воведоа во образованието, споредувајќи ги со оние од високо развиените држави кои не се ниту слични, ние средношколците одлучивме да ги изразиме нашите незадоволства.


Се чуствуваме понижено, бидејќи ни е одземено правото на избор за полагање предмет, а според законот за образование тоа не е така. Право на глас имаме сите! Не сме сите родени за да ја совладуваме математиката. Никогаш не можеме и не смееме да ја споредуваме со мајчиниот јазик! Тој што ја сака треба да има можност да избере да ја полага, а не да се налага сите да полагаме. На некому афинитетите му се кон јазиците и сака да полага некој странски јазик на државната матура, со цел да му придонесе повеќе поени за упис на некој од факултетите. Ние не сме експериментални глувчиња, ниту пак овци за да не тера некој како што си сака.


Средношколци, а и граѓани на нашата татковина, во државата каде што го делиме истиот воздух со власта мора да бидеме ислушани! Затоа сакаме да ги победиме лошите реформи, сите заедно да го искажеме нашиот став. Подобро би било да полагаме приемен испит по математика на факултетите каде што е опфатена, одколку задолжително да полагаме математика на државната матура.


Средношколците се против задолжително полагање на математика на државната матура! А вие?“ - стои во апелот на средношколците од Струмица.

 

НЕ ЗА МАТЕМАТИКА НА ДРЖАВНA МАТУРА!!!
ПОНЕДЕЛНИК, 16 февруари - ПОЧЕТОК 13:30 часот
ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” СТРУМИЦА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...