Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам!?

Сабота, 14 Февруари 2015

Утре (недела), премиера на претставата „Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам“, во изведба на ученици од СОУ „Димитар Влахов“

Утре (недела), со почеток во 19:30 часот во Домот на АРМ во Струмица, Драмското ателје при СОУ „Димитар Влахов“, премиерно ќе ја изведе претставата „Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам“ од италијанскиот комедиограф Дарио ФО, во режија на Кире Ѓорѓиев.


Ова е шеста претстава на режисерот Кире Ѓорѓиев со членовите на Драмското ателје при СОУ „Димитар Влахов“, со кои има постигнато значајни успеси на државни и меѓународни театарски фестивали.


Во претставата „Дали да платам, не сакам да платам, нема да платам“ играат младите актери, учениците: Софија Андонова - Антонија, Ивана Ковачева - Маргерита, Перо Илиев - Џовани, Блаже Јанев - Луиџи и Елена Трајкова - госпоѓа полицајка. Костимите и сцената ги направи Васе Ценев, а ментор на претставата е професорката Олгица Хаџиева.


Недела, 15 февруари | 19:30 часот | Дом на АРМ Струмица


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...