Почнува карневалската фешта во Струмица!

Вторник, 17 Февруари 2015

На интернационалната карневалска вечер ќе учествуваат 22 групи од странство

Од утре почнува осумдневното карневалско празнување во градот на забавите - Струмица, каде и ќе се одржи најголемата забава под маски во Македонија, Струмичкиот карневал 2015-та.


Карневалџии од Струмица, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија и Турција, на публиката од сите краишта на Македонија ќе им понудат богата програма и незаборавни карневалски доживувања. 22 групи од странство ќе учествуваат во карневалската поворка на главната интернационална вечер на 21 февруари.


Според Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор на карневалот, ова е одлична бројка на учесници од странство, кои заедно со домашните ќе понудат уште едно прекрасно карневалско издание.


Детскиот маскенбал кој ќе се одржи утревечер е првата понуда со која ќе стартуваат годинашните карневалски празнувања, а ќе продолжат на 19-ти февруари со објавувањето на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер. Карневалските празнувања продолжуваат со детскиот карневал на Прочка, на 22 февруари, на 23-ти е чист понеделник, кога традиционално се вари бел грав, а истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 24 февруари и карневалските празнувања завршуваат на 25 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...