Заврши 57-то издание на меѓународната Струмичка ликовна колонија, годинава без странски уметници, само со 14 ликовни уметници од Македонија. Тие создадоа триесеттина нови дела кои ќе бидат изложени на 11-ти септември, денот на ослободувањето на Струмица.

Македонските уметници, во изминатите десет дена, делата ги создаваа на масло на платно, акрил и мозаик. Го збогатија фондот на колонијата, кој брои над 2560 дела создадени од околу 1400 ликовни уметници од целиот свет во изминатите 57 години.

На почетокот на колонијата беа отворени две изложби, самостојна изложба на Снежана Мелник и „Пријателство“, со дела од македонски и бугарски автори.

Македонските преставници во одбојкарскиот Челинџ куп, „ЏИО Струмица“ и „Вардар“ ги добија противниците во првото коло. ОК „ЏИО Струмица“ ќе игра со кипарската „Омонија Никозија“, а ОК „Вардар“ за противник ќе го има словенечкиот тим „Волеј Камник“.

Првите натпревари се закажани за периодот од 8 до 10 октомври, „ЏИО Струмица“ ќе биде домаќин, додека реваншите се закажани од 13 до 15 октомври.

Учениците од прво до трето одделение да посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите. За учениците кои имаат хронични болести, наставата да се одвива преку далечина (онлајн), одлучи Владата на денешната 81 седница.

Според соопштението од Владата, наставата со физичко присуство во училница може да се реализира во училиштата со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, согласно епидемиолошката состојба во подрачјето/општината, но само доколку основачот на училиштето поднесе барање до Министерството за образование и наука со образложение за исполнетоста на критериумите и условите согласно протоколите и исклучиво по добиена согласност од страна на Владата на Република Северна Македонија, по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Во училиштата кои имаат паралелки во кои се одвива дуално образование, практичниот дел од наставата, во компаниите, да се одвива со физичко присуство на работно место, со почитување на општите протоколи за заштита и на протоколите на компаниите каде се изведува практичната настава.

Владата го задолжи Министерството за образование и наука, во соработка со Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви и за наредната седница на Владата, што ќе се одржи во текот на оваа недела, да достави финални, усогласени планови и протоколи за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година (начин на организирање на наставата, електронска платформа за учење на далечина, носење на лична заштита, број на ученици во училница, број на одделенија/класови и слично, согласно трите модели за одржување на настава).

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, во кои би можело да се аплицира систем на монтажни модули, односно мобилни болници, како подготовка за справување со евентуален есенски бран на пандемијата, објави МИА.

Ова било констатирано на денешниот состанок преку електронска платформа на градоначалниците од Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Градоначалниците побарале во овој период да се изработат потребни протоколи за одредени постапки што ќе треба да ги преземе општината.

Повеќе на: МИА >>>

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во Струмица, која е во изградба, од струмичката компанија ИГМ „Еленица“.

„Донацијата пристигна по барање на директорот на болницата, д-р Наќе Гогов. Ова не е прва донација која ја дава АД „Еленица“, и претходно имаме искуство, токму во оваа болница, каде е дадена донација за замена на инвентар, односно прозорци“, рече Митко Димитровски, заменик генерален директор на ИГМ „Еленица“ АД Струмица.

Директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, изразни благодарност за донацијата од „Еленица“ и најави дека во септември може да биде пуштено новото крило, со опремени хируршки сали, простории за персоналот.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Страница 1 од 8