Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, по напуштањето на денешната седница на членовите на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со прашање до нив, дали насилното влегување во Собранието, тепањето на пратениците и присутните новинари е патриотизам?

„Дали треба тие да се солидаризираат и во нивна чест да не дебатираат за останатите точки кои беа на дневен ред и се од интерес на граѓаните. Сметав дека оваа советничка група е поразлична и дека нема да води политика туку ќе работи во интерес на граѓаните на општина Струмица. Советниците требаше да останат тука до крај, да дебатираат, да гласаат за или против. Притворените не се осудени, судот ќе каже дали го бранеле или кршеле Уставот“ - рече Даскаловски.

Од денеска започна најавената ЕКО акција во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.

Акцијата започна во населбата Карпош во градот Струмица и продолжува во сите населби на територијата на општина Струмица. Со акцијата се врши машинско и рачно метење на улиците, тротоарите и отстранување на целото ѓубре.

Во недела продолжува акцијата во населбата Чифлик, а ќе се чисти и дивата депонија на патот Струмица - населено место Баница. На 13-ти и 17-ти декември ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток. На 20-ти и 24-ти декември ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок.

Од „Комуналец“ информираат дека покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии, како што се на улица „Климент Охридски“, на излезот од Струмица кон комплексот „Македонска куќа“, на патниот правец Струмица - Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“.

ЕКО акцијата ќе трае до 24 декември, а целта е пред Новогодишните и Божиќните празници да се исчисти секоја јавна површина во градот Струмица, секое маало, улица, тротоар, да се отстрани секоја дива депонија.

Вечерва во 23:37 часот во Струмица е почуствуван земјотрес. Според информациите, епицентарот со јачина од 4.5 степени бил во Грција, во близина на Катерини, 39 километри од Солун, на длабочина од 6 километри. Земјотресот го почуствуваа и жителите од југоисточниот регион на Македонија.

Страница 3 од 3