Рекордна наплата на данокот на имот во општина Василево

Петок, 09 Јануари 2015

Општина Василево во однос на состојбата со наплатата на данокот на имот го заврши успешно

„Крајот на календарската 2014 година, општина Василево во однос на состојбата со наплатата на данокот на имот го заврши успешно со процент на наплата од  речиси 150% – кумулативно“, рече градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, во денешната изјава за медиумите.

Во последните пет години, односно од 2009 година до 2014 година, периодот за кој е направена анализата, бројките покажуваат дека на крајот од 2014 година побарувањата што општина Василево ги има од граѓаните по основ на данок на имот се на најниско ниво.

Почетокот на 2009 година општина Василево го започнала со над 7.200.000 денари побарувања од граѓаните, по основ на данок на имот, за да на крајот на 2014 година побарувањата по овој основ се сведени на околу 2.200.000 денари.

„Особено важно е што општина Василево во континуитет во изминатите години бележи зголемување на приходите прибрани од данокот на имот. Ова се должи пред се на фактот дека ние како локална самоуправа постојано на сите средби со граѓаните им укажуваме на потребата и корисноста од навремено регулирање на оваа граѓанска должност, односно континуирано  работиме  на подигање на свеста на граѓаните за обврската за плаќањето на данокот на имот, укажувајќи им дека овие средства, општината повторно ги враќа во населените места во вид на проекти и активности со кои се подобрува секојдневието на населението“ - образложи градоначалникот Стојанов и уште еднаш преку медиумите упати апел до своите сограѓани – даночни обврзници, да продолжат со редовно подмирување на оваа обврска.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...

Сопственици на тезги од „Глобал“ повикуваат пожарот да не се користи за политички препукувања

Сопственици на тезги од „Глобал“ повикуваат пожарот да не се…

Јан 09, 2021 Вести

„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помага...