Општина Василево ги прогласи најдобрите во спортот за 2014-та

Понеделник, 12 Јануари 2015

Градоначалникот Ване Стојанов ги додели признанијата на најдобрите, кои со своите успеси оставија белег и ја афирмираа општина Василево

Кугларката Мери Јанева е избрана за спортист на општина Василево за 2014 година. Ваква одлука донесе општината, која ги додели признанијата за најдобрите на спортски план за изминатата година.

Синоќа пред големото финале од Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал Василево 2014/2015“, градоначалникот Ване Стојанов ги додели признанијата на најдобрите, кои со своите успеси оставија белег и ја афирмираа општина Василево, како во Република Македонија така и надвор од неа.

Мери Јанева ова признание го доби заради титулата државен првак во куглање, но и поради успехот што го поситна на европското минатата година. Таа не беше присутна синоќа и дополнително ќе и биде врачена наградата.

Признание добија одбојкарите на Сушево. Тие се прогласени за најдобра екипа на општина Василево за минатата година. Оваа екипа лани покажа квалитет во прволигашката конкуренција и се сериозен канидат за освојување на една од двете титули.

Признание доби и тренерот на ФК „Василево Јуниор“, Ратко Јанушев. Тој како долгогодишен тренер во овој клуб успеа да создаде квалитетни фудбалери кои сега настапуваат во други клубови.

Во своето обраќање градоначалникот Стојанов истакна дека поддршката од општината ќе продолжи и понатаму.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...