Испечатете ја страната

Изјави на Епископот Велички Сиониј од БПЦ и отец Јаков од МПЦ

Понеделник, 11 Декември 2017

Струмичани денеска им се поклонуваа на своите заштитници, Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Празникот посветен на Петнаесетте светители, кои го положиле животот за христијанската вера, беше одбележан со Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф. На Литургијата молитвено и евхаристиско учество имаа Митрополитот Струмички Наум и за прв пат во Струмица како гостин на литургијата, пратеникот на патриархот на Бугарската православна црква Нофит, Епископот Велички Сиониј.
Тој на крајот од службата им се обрати на присутните верници и го прочита писмото со поздрави од врвот на Бугарската Православна црква, потенцирајќи дека петнаесетте светители се многу почитувани и во Бугарија.
На новинарско прашање околу актуеланата тема со писмото кое МПЦ-ОА го упати до бугарската православна црква, бугарскиот епископ изрази надеж дека многу брзо и тоа ќе биде решено.
За отец Јаков од Струмичката Епархија, присуството на бугарскиот епископ и поздравното писмото кое денеска беше упатено од нивната црква е многу значајно. Тој се надева дека МПЦ што побргу ќе стапи во канонско и ефхаристиско единство, бидејќи како што рече, тоа го очекува и БПЦ и е заедничка желба на двете страни.
„Писмото коешто е упатено и неговото обраќање е во духот на сестринска црква, а она што велиме мајка црква се однесува исклучиво во однос на останатите православни цркви и ако веќе го толкуваме поимот мајка црква, тоа е пред се акт на љубов отколку некаква позиција на власт“ - вели отец Јаков.

Неможе да се пријавите самите

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изнемоштени лица

Активисти на струмичкиот Црвен крст во посета на стари и изн…

Јун 19, 2019 Вести

Активисти на Општинската организација на Црвен крст во Струмица беа во Добрејци, Куклиш, Балдовци и Раборци, во посета на стари и изнемоштени лица над...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во „Партизан“, во петок пак во паркот покрај езерцето

ФОТОГАЛЕРИЈА: Стотина рекреативци вечерва вежбаа аеробик во …

Јун 19, 2019 Вести

Дождливото време ги пресели рекреативците од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од големиот парк во Спортската сала „Партизан“ во Струмица. И...

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските шампионки во футсал за основци

Градоначалникот на општина Ново Село ги прими Балканските ша…

Јун 19, 2019 Вести

Женската екипа на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино, која го освои Балканскиот шампионат во футсал за основци во Косово, беше примена од градоначалнико...

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион „Фридрихсхафен“

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион…

Јун 19, 2019 Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од Струмица, потпиша едногодишен договор со германскиот вицешампион „Фридрихсхафе...

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и медал од Тито

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и …

Јун 19, 2019 Вести

76-годишниот Симеон Николов од Струмица е рекордер во дарување крв. Од 1964 година до 1999 година 160 пати дарувал крв, според неговата евиденција, сп...